Историја, Независна Македонија

Операцијата „Планинска бура“

операцијата Планинска бура

На 7 ноември 2007 год. македонските специјални единици ја извршија операцијата „Планинска бура“ во која беше разбиена албанска екстремистичка групација кај с. Бродец во Тетовско.

Зголемени провокации и закана од екстремисти во Тетовско

Таа 2007 год. албански екстремисти со месеци упатувале провокации од Тетовско, запоседнувајќи дел од територијата близу границата со Косово. Во август од косовскиот затвор во Дубрава „побегнала“ криминална група од воени ветерани на чело со Лирим Јакупи „Нацист“ (баран во Македонија и Србија за повеќе злосторства и криминални дејства) и се префрлила во Македонија. Покрај Јакупи, водач на оваа група бил и Рамадан Шити, кој бил поврзан со исламистички ќелии кои работеле на преземање на контролата врз муслиманските заедници во Косово и Македонија. За разбивање на оваа опасност била подготвена здружена операција на македонските специјални единици ЕБР, ЕСЗ „Тигар“ и ПЕП, со логистичка поддршка од армијата.

Операцијата започнала утрото на 7 ноември со жестока борба во камп на екстремистите во шумите над с. Бродец, а бил отворен оган и од две куќи во селото. Некои од екстремистите започнале да се повлекуваат во самото село, засолнувајќи се во куќи и во џамијата, а други побегнале во шумата. Борбата борбата траела десет часови, помеѓу 4 часот наутро и 2 попладне, кога сите екстремисти биле совладани или веќе побегнале, некои од нив во селата Вешала и Вејце. Во престрелката биле убиени 7 албански екстремисти, меѓу кои и Рамадан Шити: тој се наоѓал во џамијата, но кога врз неа бил отворен оган од полициските оклопни возила побегнал и се засолнил во една куќа, каде што во обид да фрли граната се разнел себеси. 11 екстремисти биле ранети, а вкупно 69 лица биле уапсени во операцијата – Лирим Јакупи бил ранет, но побегнал. Сите приведени и убиени кај Бродец носеле униформи или делови од униформа, а помеѓу нив имало македонски, косовски и албански државјани. Македонските безбедносни сили немале загуби.

Десет часови борба: Совладување на екстремистите и храброст без загуби

Во кампот кај Бродец биле откриени ровови и бункери, со оружје и муниција доволни за вооружување на 150 лица и за водење на повеќемесечна борба. Била пронајдена и југословенска и албанска воена литература, но и исламистички пропаганден материјал.

Слава им на македонските херои!

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD