Патриотски приказни
Кои се шестмината основачи на ВМРО?
На 23 октомври 1893 година (стар стил) во Солун се одржало основачкото собрание на Македонската револуционерна организација. Шестмина млади интелектуалци се собрале во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов за да ги постават темелите на организацијата која ќе стане симбол на македонската борба за слобода.
Основачите и нивното образование
Групата основачи била составена од високообразувани луѓе. Христо Татарчев студирал медицина во Цирих и Берлин и бил избран за прв претседател на Централниот комитет. Даме Груев, роден во Смилево, се образувал во Белград и Софија и станал секретар-касиер, но всушност бил главниот раководител на организацијата во внатрешноста. Петар Поп Арсов дипломирал филологија на Софискиот универзитет и бил задолжен да го состави првиот Устав. Антон Димитров студирал право во Цариград и Лиеж, а подоцна работел како адвокат и судија. Иван Хаџи Николов завршил високо трговско училиште во Линц и работел како учител пред да отвори книжарница. Христо Батанџиев бил учител и секретар во солунската општина и Егзархиската митрополија.
Репресијата и судбините на основачите
Османската власт сурово реагирала против членовите на организацијата. Во 1901 година, поради Виничката афера, повеќето членови на Централниот комитет биле уапсени и осудени на затворски казни во Подрум-Кале во Мала Азија. Татарчев бил осуден на пет години, а Даме Груев на десет години затвор. По амнестијата во 1903 година, повеќето се вратиле во активноста, но по различни патишта. Даме Груев загинал во борба со турска потера кај Русиново во 1906 година. Христо Батанџиев бил фрлен и удавен во морето од Грците во 1913 година.
Разделбата и периодот по востанието
По Илинденското востание, организацијата доживеала внатрешни поделби. На Рилскиот конгрес во 1905 година се формирале две струји – левица и десница. Петар Поп Арсов припаѓал на левицата и бил избран за задграничен претставник, додека Татарчев соработувал со десницата. Повеќето од основачите емигрирале во Бугарија по Првата светска војна каде и починале.
Маици
Дуксери