ВМРО, Историја, Меѓувоен период

Писмо од Анте Павелиќ до Големиот македонски собор

Хрватско-македонска соработка 1933

„Драги браќа,

Врховното старешинство на „Хрватски домобран“ го поздравува денешниот собор, на кој се собрани претставниците на родољубивите македонски организации, за во овие критични часови уште еднаш да ги манифестираат силата и единството помеѓу сите македонски организации во борбата за самостојност на Македонија и да донесат важни решенија во однос на идната работа и борба.

Ние сакаме да истакнеме, дека нашиот заеднички непријател е осуден од непристрасното општествено мислење, кое се згрозува од грубите и нечовечни постапки на Белград, односно од желбата на Србите да ги избришат, да ги уништат – како македонскиот, така и хрватскиот народ. Светското општествено мислење сфати, дека секој борец против белградското ѕверство е борец за погазените и одземени народни права, а истовремено е борец и за најсветите права на човекот, потиснати од Белград.

Врховната управа на „Хрватски домобран“, која ја поздравува оваа прослава и овој борбен собор, уште еднаш го потцртува утврденото сотрудништво помеѓу Хрватите и Македонците во борбата против заедничкиот непријател, борба која ќе ја водиме рамо до рамо до тогаш, кога ќе се постигне најголемиот македонски и хрватски идеал – слободна и независна македонска држава и слободна и независна хрватска држава.

Да живее независна Македонија!

Да живее независна Хрватска!

Ура, ура!

Претседател: Анте Павелиќ; Секретар: Милковиќ“

  • Писмо од претседателот на Врховното старешинство на политичката организација „Хрватски домобран“ и поглавникот на Хрватската револуционерна организација – Анте Павелиќ, прочитано на Големиот македонски собор на 12 февруари 1933 год. во Горна Џумаја.

Објавата е од историски карактер и нема за цел величење на настани кои се случиле деценија по настанот кој е опишан во објавата.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD