Патриотски приказни
Последиците од низок наталитет
Најголемиот дел од луѓето вообичаено не се загрижени за последиците од некои политички и општествени процеси сè додека тие не чукнат на нивната врата – буквално тогаш кога последиците ќе бидат видени и почувствувани директно во нивниот дом. За жал, веќе во текот на овој век ќе можеме да ги видиме последиците од нискиот наталитет.
Имиграцијата како прва последица
Најзабележителна е зголемената имиграција кон Западот: таа, во размерот во кој се случува, претставува не само закана за културата и националниот идентитет на европските народи, туку дури и за нивниот биолошки опстанок (за проблемот со имиграцијата подетално понатаму).
Сепак, факт е дека и имигрантите при пристигнувањето во Западот (а особено нивните деца) горе-долу се „привикнуваат“ на тукашниот наталитет. Тогаш што ќе донесе нискиот наталитет – конкретно во Европа?
Стареење на европското население
Населението на Европа старее: моментално просечната возраст е 44 години (во Азија е 32, а Африка 18), а во ЕУ во 2022 21% од населението било над 65 години.
Се проценува дека има по 4 работници на 1 пензионер, а до 2050 год. соодносот ќе биде 2:1. Тоа означува дека работната сила значително ќе се намали – помалку ќе придонесуваат за економијата, а на повеќе ќе им треба издршка; ќе мора да се работи до уште подоцнежна возраст (можеби и буквално до смрт); со општиот пад на населението ќе се намали и даночната база; ќе се зголемат трошоците за пензискиот систем, медицинска и долгорочна нега (па поради помалата даночна база ќе мораат да пораснат даноците), а тоа секако ќе влијае на намалување на потрошувачката и на општиот животен стандард.
Економски последици и колапс на системот
Од денешна гледна точка скоро и да не може да се замисли сериозноста на овие последици. Говориме за драстично влошување на економската состојба и можен колапс на пензискиот систем, особено во економски послабите држави.
Говориме за тоа дека ќе мора да се работи до 70+ години, а и потоа ќе биде неизвесно колку долго ќе може да се оддржат оптоварените пензиски и медицински системи, односно заслужениот бенефит нема да биде обезбеден за сигурно, бидејќи сите пари на светот ќе бидат безвредни ако едноставно нема кој да се грижи за тебе. Опција Б нема да има, бидејќи последиците ќе бидат исти низ целиот Запад.
Социјалниот аспект и идната реалност
Ова не може да се разбере од мнозинството денес, кога сме далеку од старост и нема да биде разбрано сè додека не го видиме почетокот на колапсот. Денес раѓање и издржување на деца е финансиски товар, пречка за кариера и успешен живот во економски моќна и стабилна Европа.
Но кон средината на векот, кога економијата и пензискиот систем ќе започнат да се распаѓаат, ќе биде воочлива разликата помеѓу бездетните домаќинства, тие со деца и тие со повеќе деца. Родителите со 2-3 деца ќе добиваат поголема помош од 2-3 различни страни, тие со 1 дете повторно ќе имаат некаква дополнителна помош, но тие без деца ќе бидат препуштени сами на себе, во време кога ќе биде сè потешко да се обезбеди нега (а уште повеќе квалитетна нега) за старите лица. За жал многумина предоцна ќе согледаат дека најголемата инвестиција која можеле да ја направат во животот е да имале деца.
Враќање кон руралните вредности
За да стане подобро ќе мора да стане полошо: лошата економска состојба и неизвесноста за оддржливоста на постоечкиот поредок, како и сè помалата безбедност во мултирасните и мултиетнички градови, ќе предизвика миграција од големите градови кон помалите места и селата.
Во руралните средини има потреба од поголеми семејства, а особено кога ќе се покаже дека институциите повеќе не можат да обезбедат соодветна грижа за сè побројното старо население и кога ќе се види предноста на имање повеќе деца, луѓето природно ќе започнат да работат на наталитетот.
Претходно беше спомнато – урбанизацијата и пензискиот систем го отстранија поттикот за пород, а распадот на пензискиот систем и заживувањето на руралниот живот ќе го вратат.
Заклучок: Непоправлива лекција
Ова е нешто кое на огромното мнозинство нема да може да му се докаже пред споменатата состојба да стане стварност.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери