Идеологија, Политика

Последици од имиграцијата

Последици Имиграција

Имиграцијата и мешањето на народите многумина го гледаат како некаков нормален процес кој се одвивал отсекогаш. Сепак, историјата не помни пример како денешната имиграција, а се заборава дека судирите на цивилизациите често завршувале со наглото или постепено исчезнување на едната од нив – често и биолошко. Денес нашата цивилизација се наоѓа пред токму таков испит.

Проблемот со масовноста и недостигот на интеграција

Без да се говори за потребата или исправноста на имиграцијата, еден факт е неоспорен: асимилација и општествена интеграција не може да се постигне кога бројот на новодојденци е огромен.
Ако во едно место од 1.000 жители пристигнат 10 имигранти, тогаш тие немаат избор освен да се прилагодат на востановените правила; ако пристигнат 100, тогаш веќе можат да се групираат во едно гето со мало влијание од надворешноста и горе-долу да си продолжат со стариот живот (етнички квартови се честа појава во европските метрополи), а понекогаш дури немаат ниту потреба да го научат јазикот; ако пристигнат повеќе стотици, тогаш веќе тие можат да влијаат врз останатите и да го наметнуваат нивниот начин на живот. Токму тоа последното се случува во Западот.

Судир на вредности и култури

Некој ќе помисли „дали е толку страшно ако тие имигранти не се интегрираат, размена на култури е позитивна работа“. Тоа може да го мисли само човек кој ги зема западните-христијански морални вредности здраво за готово.
Можеби зачудувачки за некои, но нашите морални вредности не се универзално прифатени низ целиот свет. Имигрантите од Блискиот Исток/Африка доаѓаат од средини со воинствени, агресивни и попримитивни култури, имаат многу поразличен светоглед (особено за положбата на жените) и во голем дел доаѓаат со омраза кон населението на државата во која имигрираат.

Историски искуства со мултикултурализмот

Сите историски примери за мултикултурни општества сведочат дека порано или подоцна тие се рушат под притисокот на различностите.
Зошто и како некој смета дека мешањето на народи со сосема различни и некогаш целосно спротивни гледишта и разбирања може да има позитивен резултат, може да се објасни само како плод на агресивната глобалистичка пропаганда која го труе Западот.

Економски и безбедносни последици

Неконтролираната имиграција води кон:

  • намалување или стагнирање на платите;
  • стагнација на напредокот бидејќи наместо автоматизација се увезува нова работна рака;
  • намалување на квалитетот на општествените процеси;
  • поделби и тензии во општеството што лесно се манипулираат од политичките елити;
  • зголемена криминалност и тероризам;
  • исчезнување на европските култури кои ја создале Европа каква што ја знаеме.

Со отворањето на портите на Западот за секој кој доаѓа легално и нелегално, се зголеми бројот на туѓинци кои нудат понизок квалитет на труд, а многумина стануваат товар за државите кои издвојуваат огромни средства за нивна интеграција.

Последици и за земјите на потекло

Покрај последиците за Западот, има и негативни последици за земјите од кои пристигнуваат имигрантите.
Извозот на работна сила не дозволува правилен развој на тие земји, причините за имиграција никогаш нема да се отстранат и тамошното население секогаш своето спасение ќе го гледа преку бегство. Тоа не е долгорочно решение и придонесува западните општества да се трансформираат во местата од кои доаѓаат имигрантите – односно, губат сите.

Демографски податоци и примери

За оние кои сметаат дека стапките на имиграција не се толку застрашувачки и не можат да предизвикаат трајни последици, еве што велат податоците:

  • Во САД, белечкото население за 50 години падна од 83% на 60%.
  • Детроит денес има само 14% белци, Мемфис 27%, Њуарк 8%, Њујорк 33%.
  • Франција има околу 80% европско население и процентот опаѓа.
  • Во Велика Британија, белечкото население од 94% во 1991 г. падна на 83%; Лондон од 90% во 1971 на 36% денес.
  • Шведска има 10–15% неевропско население, иако не била колонијална држава.

Легална и нелегална имиграција – исти резултати

Покрај тоа што нелегалната имиграција најчесто е во фокусот на јавноста, овие промени најмногу се должат на легалната имиграција.
Без разлика на статусот, резултатите од имиграцијата се исти ако таа се спроведува масовно и неконтролирано.

Заклучок

Припадниците на европските народи треба разумно и трезвено да размислат дали Европа, Америка или Австралија во кои тие ќе бидат малцинство се земји кои ќе го задржат високиот квалитет на живот. Можеби ќе биде предоцна пред и оние кои ги мразат европските народи, да разберат дека без тие народи иднината ќе биде мрачна за сите.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *