Политика

„А да одмориме малку од политика?“

политичка апатија и последици

Сите ја имаме слушнато реченицата спомената во насловот. Потребно е само малку да ја анализираме за да разбереме дека игнорирањето на политиката е наивно, па и глупаво. Зошто?

Политиката како невидлив кројач на нашето секојдневие

Политиката постои без оглед на тоа колку внимание ѝ посветуваме. Таа е секаде околу нас и влијае врз секој дел од животот: безбедноста, слободата, оддржувањето на локалната средина и осигурувањето на нормален живот во месната заедница, па дури и на цената и достапноста на производите неопходни за живот. Политиката може да остави еден народ без леб, без вода, без покрив над главата, без гаранција за безбедност и без струја (сегашен проблем).

Наивниот човек, кој не размислува подалеку од тоа во кој кафич ќе оди преку ден и на која забава ќе оди во петок навечер, мисли дека преку игнорирање на политиката ќе стори таа да исчезне. Тоа што тој не го разбира, е дека доколку тој самиот не се заинтересира за политиката и не учествува во политичкиот живот на својата држава, некој друг ќе го стори тоа наместо него, најчесто делувајќи против неговите интереси.

Западната лекција: Економски напредок наспроти општествен колапс

Денес може да се чуе и дека западните држави во кои граѓаните не си ги знаат политичарите се напредни општества. Таквата наивност не е рамна ниту на верувањата на деца од предучилишна возраст. Денес, во тие економски напредни држави, токму поради политичката апатија на генерациите кои сметале дека штом економијата е добра тогаш нема потреба да се замараат со ништо друго, градовите се преплавени со имигранти, жителите се навикнуваат на терористички напади, жените повеќе не смеат сами да излегуваат од дома, младината е врбувана во ЛГТБ идеологијата, синовите стануваат ќерки, а ќерките синови – благодарение на „прогресивните неоевропски погледи“ за личните слободи и права. И сето тоа е резултат на филозофската мисла „да одмориме од политика“.

Борба или жртва: Изборот што мора да го направиме

Светогледот „помалку политика – помалку проблеми“ е еднаков на шетање низ џунгла и игнорирање на тигрите, дека нели, колку помалку им обврнуваш внимание – толку помалку зло ќе ти се случи. Не, Македонци. Светот е џунглата и ние сме во него, без разлика на нашата волја. Или ќе дозволиме да бидеме жртва на околностите, или активно ќе се бориме за нашите права.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD