Патриотски приказни
Прирачник за секој Македонец!
1. Биди Македонец кон Македонецот:
– Помагај им на своите. Ако ти напредуваш, нека напредуваат и тие околу тебе. Биди секогаш тука за својот народ
2. Познавај ја својата историја:
– Не сме никој и ништо без нашето минато. Македонската историја е столбот на нашиот идентитет и патоказ за нашата иднина.
3. Имај вера и изучувај го Светото слово:
– „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“
4. Почитувај си ја културата и традицијата:
– Чувај ги обичаите, негувај ја традицијата и слушај македонска музика. Македонското наследство е уникатно и мора да опстане и да се развива.
5. Развивај се на интелектуален и професионален план:
– Читај, едуцирај се и биди свесен за светот во кој живееме. Учи занает и биди најдобар во тоа што го правиш.
6. Жени/мажи се млад/а и имај повеќе деца:
– Семејството е основната единица на секој народ и општество. Традиционалните семесјтва треба да се негуваат и да ја пренесат македонштината на идните генерации.
7. Грижи се за семејството:
– Здраво семејство е здрава нација. Семејството треба да е на прво место на секој Македонец.
6. Биди добар родител:
– Твоите деца ќе земат пример од тебе. Биди добар родител и постави висок стандард до кој и самите тие ќе се придржуваат.
7. Не одбивај човек што ти бара храна и вода:
– Донирај барем по 3% од својата заработка на сиромашните. Придонесувај и помагај на оние кои не можат самите да се грижат за себе.
8. Заработувај и биди финансиски независен:
– Работи напорно и паметно. Финансиската слобода ќе ти отвори многу врати во животот.
9. Купувај имот и не продавај го својот:
– Купувај и чувај ја земјата која ја поседуваш. Македонската земја мора да остане во рацете на Македонците.
10. Оддавај чест на загинатите и бранителите:
– Сети се на оние кои ги дале животите за слободна Македонија. Почитувај ги тие што биле први на браникот на татковината.
11. Оди редовно во црква:
– Биди реодвен во најблиската црква и придржувај се до постулатите на верата што е можно повеќе Не заборавај да постиш кога тоа се бара од тебе.
12. Вежбај и спортувај – живеј здраво:
– Биди физички активен и храни се здраво. Така ќе си обезбедиш долг и убав живот, со што помалку проблеми.
13. Биди спремен да загинеш за Македонија:
– Повикот од татковината може да дојде во секој момент. Биди спремен да го дадеш животот за семејството, за својот народ, за татковината.
14. Не биди предавник и не мами:
– Биди искрен и чесен. Не ги мами другите и немој да ги предадеш. Не биди новиот Коте од Руља.
15. Не подлегнувај на пороци:
– Не претерувај со алкохол. Не пуши, не се коцкај или дрогирај, не се задолжувај беспотребно.
16. Почитувај ги постарите:
– Од постарите можеме многу да научиме. Тие се генерацијата која ни оставила најголем дел од тоа што го имаме денес.
17. Направи твојот збор да вреди и не лажи:
– Твојот збор треба да има тежина. Стои зад тоа што си го кажал и не лажи никогаш. Една лага може да уништи илјада вистини.
18. Внимателно со политиката:
– Не оди неискусен во политички партии, многу луѓе можат да те искористат. Во било која партија, Македонија нека ти биде идеологијата.
19. Биди добар со сите, но секогаш биди на штрек:
– Да се биде добар со луѓето бара баланс меѓу отвореноста и претпазливоста, да се знае кога да се верува, а кога да се внимава.
20. Застани зад тоа што е правилно:
– Не дозволувај да се случува непарвда во твое присуство. Застани во одбрана на тоа што ти го сметаш за правилно и праведно.
21. Зборувај повеќе јазици:
– Зборувај повеќе јазици и научи да живееш и да опстоиш во светот. Научи го јазикот на непријателот и знај што да очекуваш од него.
22. Не прави ѓубре и не загадувај:
– Чувај ја Македонија и нејзината преубава природа. Ѓубрето и отпадоците имаат свое место, најблиската шума или река не е место за нив.
23. Поддржувај патриотски иницијативи:
– Служи ѝ на заедницата на секој начин и поддржувај патриотски иницијативи. Само ние самите можеме да изградиме поубава иднина за Македонија.
24. Промовирај ја Македонија каде и да си:
– Направи ја Македонија горда на тебе. Претставувај ја во најдобро светло и промовирај ја богатата македонска култура и историја каде и да одиш.
25. Поддржувај ја македонската економија и бизниси:
– Секогаш приоритет нека ти бидат македонските бизниси. Купувај од Македонци и работи со Македонци. Заедно да се богатиме и заедно да напредуваме.
26. Живеј во Македонија:
– Можеби некогаш ќе биде потешко, но знај, ќе се исплати. Биди во странство само за да стекнеш искуство и финансии, а потоа инвестирај во Македонија.
27. Преземи одговорност за своите дела:
– Сè што правиш има свои последици. Преземи одговорност за своите дела и не наоѓај изговори за неуспесите во животот.
28. Почитувај ги другите:
– Почитта е камен-темелник на секоја здрава врска, бидејќи ја признава вредноста и достоинството на секој поединец
29. Бори се за секој еден Македонец:
– Не заборавај ги Македонците од Егејот и Пиринот. Борбата продолжува сè додека сите Македонци не бидат ослободени.
30. Излези и гласај кога тоа се бара од тебе:
– Гласањето не е право, гласањето е должност. Одлучи сам за тоа во каква држава ќе живееш. Интересирај се за политиката, бидејќи таа се интересира за тебе.
Маици
Дуксери