Патриотски приказни
Различностите не се сила
Сплотеноста доаѓа од единството, а разединетоста од различностите: не треба да се биде гениј да се осознае дека сплотеноста е таа која треба да се претпочита.
Единството и различностите се две спротивставени нешта кои не можат да се стават во ист кош. Колку се поголеми разликите во рамки на едно општество, толку е помала сплотеноста. Колку повеќе групи, толку повеќе спротивставени интереси и толку послаба стабилност.
Идеолошко неразбирање на поимот „сплотеност“
Сепак, во политички контекст се чини дека овој факт е оспорен од идеолошки причини и неразбирање на тоа што означува општествена сплотеност (единство, кохезија).
Различните идеи се дури и корисни, на пример во бизнис сферата, но во општествена смисла се секогаш негативен фактор. Ретко кој би излегол на улица со молотови поради неприфаќање на неговата бизнис идеја, но друго е кога во игра се сериозни политички прашања и идентитетски теми.
Ниту едно општество не станало постабилно или поквалитетно поради поделбата на неговото население во повеќе спротивставени групи со различни светогледи.
Заеднички идентитет над различностите
Значи, кога во политички контекст говориме за сплотеност не мислиме на едноумие во секое поле од животот, бидејќи можно е да се има различни вкусови, интереси и идеи, а сепак да се споделува заеднички идентитет кој е над постоечките разлики и е обединувачки.
За да се има еден таков обединувачки темел во едно опшество треба да се има население кое споделува заедничка култура, морален светоглед, јазик, потекло, минато.
Колку повеќе од овие столбови се присутни, толку е посилно единството. Колку помалку од нив се присутни, толку повеќе се остава простор за фрагментација на општеството, или, како во државите со голем процент на имигранти и малцинства, се создаваат паралелни општества.
Митот за „сила во различноста“
Имајќи го сето ова во предвид, не треба да се лажеме дека различностите се нешто што треба да биде славено и подигнувано на пиедестал: тие се слабост и разединувачки чинител.
Секое фиктивно единство градено на лажните основи на тезата „различностите се наша сила“ бргу ќе се распадне.
И ако веќе има некакви разлики, тогаш не треба да се притиска за претставување на нови идентитетски разлики и уште поголема разединетост, туку нивно елиминирање и спречување каде што е можно.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери