Историја, Среден век

Самоиловото царство по Самоил

Самоиловото царство по Самоил

По смртта на големиот водач на Самоиловото Царство, истото се нашло во уште потешка ситуација од која што било во тој момент. Гаврил Радомир, синот на Самоил кој и пред тоа управувал со териториите околу Петерско и Островско Езеро и Пелагонија, ја преземал целосната власт по смртта на Самоил. Поради ситуацијата во која било царството и страшниот пораз кај Беласица, Гаврил Радомир бил принуден да води одбранбена политика за време на неговото кратко владеење. Ни тоа не му помогнало и набрзо почнал да ги губи освоените територии од неговиот татко. Паднал Прилеп, областа Раец, Мегленската област итн.

Завист и предавство на Јован Владислав

На Гаврил Радомир не помогнало ни тоа што неговиот братучед Јован Владислав покажувал активни аспирации кон престолот. Јован Владислав сметал дека тој повеќе го заслужува престолот и барал и добил поддршка од византискиот цар Василиј II. Јован Владислав заборавил дека токму Гаврил Радомир му го спасил животот од Самоил и во 1015 година го убил за време на лов, во близина на Петерското езеро. Откако ја преземал власта, Јован Владислав ја оженил жената на Гаврил Радомир и го ослепил нивниот најстар син. Една година подоцна го убил и Самоиловиот зет Јован Владимир, кој бил владетел на Дукља, мислејќи дека тој сака да го приграби престолот.

Востанието на Петар Делјан

Последниот обид за возобновување на Самоиловото царство се случил во 1040 година, со востанието на Петар Делјан. Делјан бил син на Гаврил Радомир и тој во 1040 година во Белград се сретнал со неколку поважни македонски општественици и бил прогласен за цар. Тој почнал да оди кон Македонија и добивал поддршка од населението како движел кон Скопје. Таму успеал да го освои градот и востанието се проширило на поголемиот дел на Македонија. Тогаш успеал да го спои и востанието во Драч предводено од Тихомир, а на здружените војски им се придружиле и востаници од Србија, Албанија, Грција итн.

Стапка на востанието и крај на отпорот

Сепак, сите овие војски не биле доволно организирани и Византија набрзо го задушила востанието во битката кај Острово, Воденско. Напомош на Византија дошла и платеничка викиншка војска на чело со идниот норвешки крал Харалд III. На ваков суров начин завршило и последното поголемо востание против Византија.