Патриотски приказни
Силите на Оската – германските сојузници и странски доброволци
Секој кој за ВСВ прочитал барем малку повеќе од тоа што го има во школските учебници и се информирал барем малку повеќе од тоа што му е сервирано од Холивуд, знае дека голем дел од популарните верувања за војната се мит. Еден од тие митови е претставата на црно-бела слика за војната во која Хитлер и т.н. Хитлерова Германија сака апсолутна доминација врз целиот свет, а тој свет се обединува во борба против овој непријател на сите народи.
Формалните сојузници на Германија и силите на Оската
Пред сѐ, Германија имала формални државни сојузници. Познат е Тројниот пакт со Италија и Јапонија, но ред други држави се придружиле на овој сојуз – силите на Оската: Унгарија, Романија, Бугарија, Финска, делумно самостојните Словачка и Хрватска, а дури и Тајланд – како сојузник на Јапонија. Сојузнички режими постоеле во Франција, Белгија, Албанија, Грција, Србија, Норвешка и други.
Оската имала политички сојузници и доброволци од сите европски земји и народи, без исклучок. Дури и тогаш кога се спомнуваат овие политички субјекти, тие се претставуваат како мали елити кои учествувале во окупацијата на сопствените народи како „колаборатори“. Тоа е наративот за мрзеливите, бидејќи фактите посочуваат на тоа дека помалите држави и режими биле затекнати во едно крајно неизвесно и опасно историско време, а нивните водачи се обидувале да навигираат низ тие времиња и можности најдобро што можат, притоа користејќи ги политичките околности за остварување на своите национални цели – идеологијата била второстепена, a некогаш и незначителна, бидејќи националниот интерес бил главниот двигател.
Странските доброволци во германската војска и СС
Уште поинтересна е темата за странските доброволци кои учествувале во германската регуларна војска и во СС единиците, бидејќи ако за политичарите може да се употреби аргументот дека се користољубиви предавници, тогаш каков заден мотив може да има оној кој доброволно се пријавил да го жртвува својот живот за некаков идеал во првите борбени редови, освен ако навистина не верувал во тој идеал?
Европски и светски доброволци
Вермахтот и СС во текот на војната ги отвориле своите порти за германските и негерманските народи, а во нив биле интегрирани воени формации составени од Данци, Швеѓани, Норвежани, Финци, Литванци, Латвијци и Естонци, од Французи, Белгијци, а потоа и Хрвати, Босанци, Албанци, Украинци, Белоруси, Руси и други. Особено позната е „Плавата дивизија“ составена од 47.000 Шпанци која дејствувала во редовите на Вермахтот. Се проценува дека само во редовите на СС биле примени над половина милион странски доброволци.
Мотиви за приклучување
Мотивите за приклучување кон овие единици биле национални и/или идеолошки. Околу милион советски граѓани се приклучиле во редовите на Вермахтот и СС: половина од нив биле Украинци, Белоруси, Грузијци, Ерменци, Азербејџанци, Чеченци и други кои сакале формирање на сопствени национални држави.
Тие ги виделе Германците како ослободители од советскиот комунистички режим. Од слични причини била формирана и „Индијската легија“ составена од 4.500 Индијци, кои се надевале дека со германска помош ќе ја ослободат својата земја од британската власт, како и „Арапската легија“ со 20.000 борци од арапските народи, која сакала ослободување од британската и француска власт во нивните земји.
Балтичките народи кои во 1940 год. биле окупирани од СССР, водени од национални и антикомунистички побуди придонеле со околу 90.000 доброволци во СС. Од друга страна, околу половина милион Руси со антикомунистичка определба се приклучиле во формациите на Вермахт и СС во борба за рушење на комунистичкиот режим, а идеолошки бил и мотивот на доброволците од Западна Европа.
Антикомунистички сили и регионални формации
Постоеле и антикомунистички воени формации кои делувале независно од германските воени структури, како словенечкото Домобранство со 20.000 борци. Српскиот доброволен корпус и Српската државна стража со вкупно околу 40.000 борци се бореле против комунистите, за да оддржат ред на српската територија и да спречат таа да биде препуштена на Хрватска или Бугарија.
Македонската Охрана со околу 10.000 борци била формирана за борба против комунистите и одбрана од грчките националистички формации.
Заклучок
Очигледно е дека зад озлогласената „фашистичка колаборација“ има многу подлабока приказна која заслужува да биде истражена.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери