Патриотски приказни
Србија – ослободител или окупатор?
Прашајте го било кој Србин, српски историчар, политичар, учител, обичен продавач: што се случи со Вардарска Македонија во 1913 год.? 99 од 100 пати ќе добиете еден одговор – „Вардарска Македонија/Јужна Србија беше ослободена од српската војска“. Не можам да тврдам какви би биле резултатите ако истото прашање им се постави на Македонците, но иако не би било 99 од 100 пати, верувам дека најголемиот дел би одговорил дека Вардарска Македонија била окупирана. Сепак, дури и меѓу тие што го знаат тоа, многумина ја сметаат српската окупација за „најблага“, а дел наивно веруваат дека „само Србија ни ја врати земјата“.
Аргументите на српскиот национален наратив
Верувањето дека Вардарсја Наједибуха е Јужна/Стара Србија, односно дека е српска земја и дека била ослободена, се темели на неколку често повторувани аргументи:
- Таа е лулка на српската цивилизација, со српско население од памтивек.
- Во неа се наоѓаат старите цркви и манастири изградени од српските владетели.
- Четниците и нивната борба сведочат за нејзиното српство.
- Србите за неа платиле со крв и илјадници животи во 1912–13.
Но сите овие тврдења се однесуваат само на дел од Македонија – што од самиот почеток ја покажува нивната слабост.
Историски факти: Македонија и Србија низ вековите
Првата точка е најапсурдна – убедливо најапсурдна од сите соседни митови во однос на Македонија. Во античко време Македонија има сосема различен пат од Србија, а во средновековието контактот меѓу двете земји се случува доцна.
Првите српски кнежества се појавиле на територијата на Црна Гора и Босна, далеку од Македонија, додека во денешна Србија до 11 век бугарската држава имала поголемо влијание. Најголемиот дел од Косово паднал под српска власт дури во доцниот 12 век, а Скопје – „старата српска престолнина“ – во 1282 год. при кралот Милутин. До смртта на Милутин (1321) Србија контролирала само половина од Вардарска Македонија, а целата Македонија (без Солун) за прв пат паднала под српска власт дури за време на цар Душан во 1340-тите.
Дали ова звучи како доказ за „српство од памтивек“, ако контактот започнал дури во 13–14 век?
Црковното прашање и културното наследство
Вистина е дека српските владетели изградиле мноштво убави цркви и манастири кои опстојуваат до денес – позитивен белег на нивното владеење. Но да се глуми дека тоа се единствените храмови е несериозно. Во Македонија има византиски и бугарски цркви, па дури и базилики од 4 век – како онаа во античкиот град Стоби.
Поврзано со ова е и црковниот спор:
– Пеќската архиепископија во 1219 год. се одвоила од Охридската архиепископија, а „црковната власт“ што Србите сакаат да ја воспостават во Македонија се темели не на духовен авторитет, туку на воена окупација од 1912/13 и 1918 год., а не на волја на народот.
Четниците и ВМРО – различна природа на борбата
Србоманските и српските чети и војводи во Македонија се капка во море споредено со бројноста и влијанието на ВМРО.Додека дејноста на ВМРО се издржувала од македонското население и емиграција, српските чети добивале плата од Белград – историски факт кој ја руши легендата за „народното српско движење“.
Српската жртва и македонската борба
Како српската жртва при освојувањето на Македонија може да биде поголема од жртвата на Македонците во борбата за слобода и сопствена држава?
Десетици илјади Македонци – ајдуци, комити, партизани – паднале во борба против Османлиите, балистите, и окупаторите. Стотици села биле запалени, уништени, а илјадници Македонци биле мачени и убиени.Ако некој ја заслужува Македонија, тоа е македонскиот народ – оној што се борел и страдал за својата земја, а не странски армии кои ја освоиле со меч.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери