Патриотски приказни
Структура на ТМОРО
Создавање на централизирана револуционерна структура
Релативно кратко по нејзиното основање, Македонската револуционерна организација успеала да создаде структура на управување на која ѝ завидело и самото Отоманско Царство. Набрзо почнал да се користи епитетот „Подземна република“ кога станувало збор за МРО. Низ годините се создал еден нелегален ентитет кој ги имал сите поважни институции на една држава.
Структурата на ТМОРО била базирана на централистички принципи. Централниот комитет било највисокото одлучувачко тело на Организацијата, барем во периодот меѓу два конгреси. Овој комитет ги назначувал членовите на окружните комитети. Како дел од окружните комитети постоеле околиски и селски комитети. Од големо значење за создавање на структурата на ТМОРО бил Солунскиот конгрес од 1896 година кој воедно бил и прв за Организацијата. Таму таа го добила името ТМОРО и биле поставени основите за понатамошно дејствување.
Гореспоменатиот Централен комитет имал претседател, секретар, касиер и три советници. Дел од него биле и задграничните претставници на Организацијата. Целта на Задграничното претставништво било да го претставува ТМОРО надвор од границите на Македонија, да обезбедува секаков тип на поддршка за движењето и да одржува добри односи со македонската емиграција и сите слични. Обезбедувањето на поддршка подразбирало и организирање на канали за оружје и пренос на чети преку границата.
Како и ЦК, така и останатите комитети имале свој претседател, секретар, касиер и советници. Иако било планирано да се основаат седум револуционерни окрузи, во пракса заживеале шест од нив, со изменети граници. Тоа биле: Солунскиот, Битолскиот, Скопскиот, Струмичкиот, Серскиот и Одринскиот револуционерен округ. Во секој од нив функционирала тајна пошта, полиција и терористичка група. Терористичките групи на почетокот се користеле за изнудување на пари од месното население. Неколку години подоцна постепено започнал да се создава Четничкиот институт на ТМОРО, со што се укинале терористичките тројки.
Тајна полиција, тајна пошта и нивната улога
Тајната полиција и пошта на ТМОРО биле навистина импресивни. Тајната полиција имала свое истражно и казнено одделение. Истражното одделение се состоело од раководител и три помошници кои меѓусебно не се познавале. Казненото одделение функционирало на сличен начин, а тоа било задолжено со спроведување на казните.
Тајната пошта била значително подобра од онаа на Османлиското Царство. Писмата од Солун до Софија и обратно пристигале за само еден ден. Сите месни комитети имале своја пошта која функционирала со шифрирана кореспонденција. Комитетите користеле различни шифри за комуникација со посебни тела на ТМОРО.
Финансиските механизми на ТМОРО
Организацијата доаѓала до финансиски средства на повеќе начини. Членовите плаќале на секое тримесечје, а делото било помагано и од бројни симпатизери. Постоело и насилно изнудување на средства врз тие што одбивале да го помогнат делото, а можеле, или преку грабнување на познати личности како аферата за Мис Стон.
Маици
Дуксери