Патриотски приказни
Судириот помеѓу Михајлов и Протогеров
Во 1928 година истекувал тригодишниот мандат на Централниот Комитет на ВМРО, доверен од конгресот во 1925 г. Недоразбирањата помеѓу двата членови на ЦК, Ванчо Михајлов и ген. Александар Протогеров, прераснале во јавна конфронтација. За тоа имало повеќе причини.
Старата гарда против новата тактика
Михајлов го сметал Протогеров за одговорен за убиството на Тодор Александров. Освен тоа, меѓу двајцата имало големи различности во однос на прашањето за карактерот и тактиката на револуционерната организација. Протогеров, како воен и стар кадар на ВМРО, се залагал за продолжување на борбата како во минатото, со масовно организирање на населението и четничка борба. Тој не ја одобрувал тактиката поддржувана од неговиот помлад колега Михајлов, кој согледувајќи ги новите услови во Македонија се залагал за метод на длабока конспиративност, избегнување на масовното организирање и војување воглавно со мали чети и терористички тројки.
Атентати наместо востанија: Процената на Михајлов
Од историска дистанца можеме да заклучиме дека младиот Михајлов правилно проценил дека ВМРО повеќе не е во состојба да организира масовно востание во Македонија. Поделбата на Македонија и долгогодишните репресии во Грција и Србија го оневозможиле тоа. Без влијателни сојузници и со оглед на состојбата во Европа, секаков обид за востание во Македонија бил бесмислен и рамен на самоубиство. Со тактиката на постојани атентати Михајлов сакал да го држи во напнатост светското јавно мислење. Секоја експлозија во Македонија го потсетувала светот дека таму на Балканот еден народ се бунтува против неправедноста и окупацијата.
Кобниот 7 јули и братоубиствената војна
Протогеров тешко го примал и фактот дека младиот Михајлов се стекнувал со се повеќе авторитет во Организацијата и често решавал проблеми без да се консултира со ветеранот. По многу неуспешни обиди за помирување, на 7 јули 1928 г. Протогеров бил убиен во центарот на Софија по наредба на Михајлов. Многумина кои го поддржувале Михајлов се свртеле против него. Започнала брутална братоубиствена војна низ бугарските градови која однела стотици животи на истакнати револуционери од двете страни, а подебелиот крај го извлекле протогеровистите. Последиците по ослободителното дело биле многу штетни и значително го разнишале ВМРО.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери