1945-1991, ВМРО, Историја, Меѓувоен период

Кој навистина стои зад убиството на Ѓорче Петров?

Тодор Александров

Повеќе од половина век ликот на Тодор Александров бил поистоветуван со непријателство, крволочност, предавство помеѓу македонскиот народ. Тоа се должело на пропагандата на комунистичкиот режим, кој морал да создаде страшни непријателски ликови. Таквата тактика била применувана низ целиот комунистички свет – етикети како троцкисти, титовисти, сталинисти, михајловисти, фашисти служеле за пресметки со неистомислениците. Црната дамка врз името на Александров не е целосно отстранета и ден денешен, па така многумина Македонци се сѐ уште скептични за неговата улога во нашата историја.

Контроверзијата за атентатот врз Ѓорче Петров

Можеби најголемата контроверзија поврзана со него е атентатот врз Ѓорче Петров. Комунистите без никакви подлабоки анализи убиството му го припишале на Александров, со цел создавање на поголема стигма околу неговиот лик. Меѓутоа, овој настан има многу поголема приказна зад него. Факт е дека Александров и Ѓ. Петров имале јавни несогласувања, но дали навистина Александров го нарачал убиството на Ѓ. Петров?

Ставот на историската наука и новите сознанија

Во текот на вчерашниот ден, поранешниот премиер Никола Груевски објави текст во врска со оваа контроверзија. Тука приложуваме само дел (целосниот текст можете да гоо најдете на неговата фејсбук страница под име „Тодор Александров – In Memoriam”):

„Во неодамна издадената книга “Под заклетва на ВМРО” (монографија за) К. Дрангов, историчарот Никола Жежов за овој настан истакнува: “сепак овој податок треба да се земе со извесна доза на резерва затоа што бугарската влада на Стамболиски била во непријателски односи со ВМРО и по секоја цена се обидувала да ја дискредитира Организацијата пред македонските емигранти во Бугарија, а ликвидацијата на еден таков влијателен македонски револуционер како Ѓорче Петров била добра можност да му се препише тој чин на Тодор Александров. Таквата вест јавноста требало да ја прими со верување затоа што во прилог на тоа оделе расправиите, острите преписки обвинувањата и жестоката полемика помеѓу Тодор Александров и Ѓорче Петров. Тодор Александров во своите изјави по повод атентатот на Ѓорче Петров, декларативно се оградувал од евентуална наредба од негова страна и истакнувал дека и покрај големите разлики со стариот македонски револуционер, никогаш немал намера физички да го ликвидира со помош на атентатори од Организацијата. Александров сметал дека посочувањето на ВМРО како потенцијален организатор за убиството на Ѓорче Петров било дело на бугарската земјоделска власт која сакала што повеќе да ја искомпромитира македонската организација во очите на Македонците во Бугарија”…

Аргументи против инволвираноста на ВМРО

…Ова е период кога Ѓорче Петров е веќе во поголема возраст (56) и е легален, работи државна работа и малку е веројатно дека Тодор Александров кој е на 40 годишна возраст со организирани чети низ цела Македонија и секојдневни акции и битки, дека го гледал Ѓорче Петров како реална сопствена конкуренција.

ВМРО секогаш кога носеле смртни пресуди ги објавувале, а и кога ќе ги извршиле го правеле истото.“

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD