ВМРО, Историја, Меѓувоен период

Тодор Александров низ очите на светот

Тодор Александров низ светот

„Скромен, разумен и тактичен, познавајќи ја одблиску народната душа и болка, тој доминира на народните маси. Строг, пред сè кон себеси, тој е роден за народен водач. На него се полагаат големи надежи…“ – Даме Груев

Апостол меѓу народот: Сведоштва од Чикаго

„…Тодор Александров, сакан и уважуван од целиот народ, го зеде во свои раце раководењето со движењето… (тој) го посвети својот живот на македонската кауза уште кога беше на 18 годишна возраст. Тој е учител, човек со нескротлива енергија и строга моралност, народот го вика СТАРИОТ и го почитува. Војводите и комитите му се предани до крај… Тодор Александров се движи низ цела Македонија како АПОСТОЛ, тој ги посетува сите предели еден по друг. Влегува во села и градови ги собира жителите, им говори, ги советува…“ – Колинс, Дејли Њуз, Чикаго

Царски пречек во македонските долини

„Патувањата на Тодор Александров се рамни на царски патувања, таму каде Ќе стаса Тој, на пример, во некоја далечна долина, долината добива живот, зад секое дрво будно стои стражар, секој жбун во шумата крие две очи, а селаните се собираат крај патеките изговарајќи ги во шепот зборовите: Тодор ќе минува оттука…“ – генерал Томсон, весник Тајмс, Лондон 1923 г.

Железна волја под маската на спокојството

„Јас си замислував да сретнам еден страшен управувач, фанатичен и егзалтиран. Но, пред мене стоеше сосема поинаков човек… зборува спокојно, слатко, без гестови дури и за најважните прашања, за татковината и за себе. Неговото спокојство и ладнокрвноста предизвикуваат задоволство. И покрај тоа што тој човек е душата на Македонската револуција, има една железна волја, а неговиот решителен дух не престанува да ги восхитува оние кои го опкружуваат…“ – Пол Ерно, Весник Журнал, Париз 1924 г.

Единствен историски пример за пожртвуваност

„Колку голема била љубовта на Тодор Александров кон својата татковина, за да може да го победи како очајот, така и тешката болест на неговите ослабени гради и да вдахне вера кај цел еден народ, да го исправи одново на нозе подготвен за борба?
Каква голема човечка особина и каква железна енергија е потребна да го поведеш одново еден осакатен народ по толку преживеани катастрофи. Факт е дека Тодор Александров во тој однос е единствениот историски пример…“ – Македонска студентска корпорација, Скопје 1943 г.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD