ВМРО, Историја

142 години од раѓањето на Тодор Александров

Тодор Александров ВМРО

„Внатрешната Македонска Револуционерна Организација е национална организација; ги вклучува сите класи и сталежи, па затоа е невозможно таа да стане класна или партиска“.

Овие зборови на големиот Тодор Александров, изговорени во 1920-тите години, го споделуваат светогледот на европските третопозиционерски националистички движења кои во тоа време добивале на значење и сила низ континентот. Овие движења, од кои голем дел се стекнале со власт во нивните држави, како одговор на распространетата комунистичка дејност делувале во насока на надминување на класните и политичките поделби помеѓу својот народ, со цел обединување во име на националните интереси и должности кои важат подеднакво за секој припадник на нацијата – без разлика дали е интелектуалец, земјопоседник, работник, селанец, сиромав или богат.

Прагматизмот на Александров и борбата за македонскиот интерес

Во текот на својот прерано згаснат живот, Александров веќе се стекнал со слика на искрен, чесен и бескрајно посветен народен водач на македонскиот народ, со дарба за политичка умешност. Тој се одликувал со прагматичност во своето дејствување, уште една типична одлика на оние националистички движења кои беа спомнати. Кога имало потреба од тоа, тој соработувал со бугарската влада, а кога интересите на организацијата – а со тоа и на македонскиот народ – се поклопувале со дејноста на комунистите, тогаш тој не одбегнувал соработка и со нив. Александров бил последниот кој имал вистинска шанса да постигне национално единство на македонскиот народ, чин кој бил осуетен со неговото убиство од страна на непријателите на македонското дело. Смртта на Александров во 1924 год. започнала бран на непрекинато децениско братоубиствено крвопролевање во македонското револуционерно движење, а ВМРО со губењето на Александров ја загубила и последната шанса за чекорење по патот по кој чекореа силните европски национални движења. Можеме само да предвидуваме какво значење би имал Александров за Македонија во бурните времиња на европскиот континент во 1930/40-тите, ако сѐ уште бил жив.

Ние треба да ја продолжиме визијата на Александров: не засилување на партиските и класните поделби, туку труд за нивно надминување и засилување на македонското национално ткиво!
Слава му на Александров!

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD