Идеологија, Политика

Трета позиција

Трета позиција

„Нашиот идеал се роди за да поттикне верба: не во десницата (која во основа се стреми да сочува сѐ, дури и неправда) или во левицата (која во основа се стреми да уништи сѐ, дури и доброто), туку колективна, интегрална, национална верба“ – Хосе Антонио Примо де Ривера

Поделбата лево – десно

Денешното општество во политички поглед сѐ уште живее во времето на Студената војна, одржувајќи ја виртуелната поделба на десни (капиталистички) и леви (комунистички) сили. За просечниот човек, поделбата леви-десни е единствената можна политичка и идеолошка поделба. Или си со едните, или си со другите.

Појавата на третата позиција

Таквиот поглед е многу симплифициран и неточен. Особено во периодот помеѓу двете светски војни ширум Европа се појавиле движења кои застапувале трета позиција, надвор од лево-десниот спектар. Националистички идеолози и филозофи имале разни идеи, кои за жал се вообичаено непознати за денешните националисти. Сепак, постои предноста која ја пружа интернетот: безброј книги, статии и говори кои ја застапуваат оваа трета позиција можат да се најдат бесплатно – секако, доколку постои желба за проширување на знаењата.

Верност кон нацијата, не кон системот

Идеолози како Хозе Антонио Примо де Ривера, водачот на шпанските фалангисти, не се бореле за левицата или десницата, или пак комунизмот или капитализмот, туку се бореле за доброто на националната заедница. Идеологиите и економските системи не се цел сама по себе за која треба да се бориме, туку се алатка. Апсурдно е постоењето на верност кон економски систем. Верноста е кон нацијата, кон народот, кон заедницата. Сѐ друго е алатка која служи за постигнување на целта – силна и здрава нација со обезбедена иднина.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD