Идеологија, Историја

Вечен оган

Вечен оган - идентитет

Долга линија на генерации е зад секоја личност.

Твојот татко ти дал половина од твоите особини, а твојата мајка другата половина. И твојот татко ги наследил особините на неговите два родители, како и твојата мајка од нејзините два родители. Може да се види дека бројот на твоите предци се дуплира со секоја генерација. Десет генерации назад – веќе е 1.024. Со оглед на тоа што просечната разлика помеѓу родители и деца е 30 години, можеш да пресметаш дека го носиш наследството на 1024 луѓе кои живееле во последните 300 години. Тие 512 мажи и 512 жени го пренеле своето наследство на 512 деца, 256 внуци и така натаму, до твоите два родители. Крвта на сите овие 1.024 луѓе била пренесена на твоите родители за да те создадат. Ако се вратиме 600 години наназад, тогаш говориме за бројка од над 2 милиони.

Секако, треба да се има во предвид дека не секоја бројка од тие 2 милиони претставува посебна индивидуа. Во секое семејно дрво има случаеви кога маж се венчава со жена со која е во далечно сродство, можеби споделувајќи некој прапрадедо или уште подалечен предок, па така се испреплетуваат корените. 

Ти не си дојден на овој свет по случајност, туку си дело на милиони луѓе, суштество чија крв тече од илјадници извори.

Кога ќе се разбере ова, настаните од македонската историја ќе добијат сосема ново значење за тебе и за твојот идентитет. Зар еден од твоите предци не бил војник кој учествувал во легендарниот поход кон Персија, еден од борците на Волкашин и Углеша во битката кај Марица, еден од ајдучките борци против османлиските зулуми, еден комита или еден партизан? Дополнително, секој од тие предци од твојата крвна линија го споделуваш со 50, 500, 5.000 или 50.000 други Македонци кои живеат денес.

Историјата на твојот народ е твојата историја. Тоа е твојот идентитет.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD