Идеологија, Историја

За антифашизмот

За антифашизам

Тие што професионално ја изучуваат историјата можат со сигурност да потврдат дека тоа што ние го знаеме како фашизам е многу далеку од фашизмот деклариран во периодот помеѓу двете светски војни од страна на самите фашистички движења и партии. За што е навистина фашизмот можеби би било подобро да се дискутира во посебна објава, затоа што темата е обемна.

Комунистичко етикетирање и масовни чистки

Комунистите се склони кон создавање митски претстави на непријателот и сузбивање на противниците преку нивно етикетирање: реакционери, кулаци, троцкисти, фашисти, титовисти, михајловисти. Сите тие етикети се појавувале во одредено време и послужувале како повод за масовни чистки, често опфаќајќи ги и оние кои воопшто не биле поврзани со некакви активности поврзани со тие етикети, но биле „собрани“ заедно со останатите. За жал, таквиот комунистички принцип на пресметување со неистомислениците е задржан до денешен ден низ целиот свет – вклучувајќи ја и Македонија. Кај нас сѐ уште може да се чуе етикетата „фашист“ која по дефиниција означува „ЛОШ ЧОВЕК ПОЛН СО ОМРАЗА“.

Антифашизам користен како алатка, не како идеја

Антифашизам не е идеја, туку е алатка создадена од комунистите за пресметување со противниците – во периодот на војната служел за обединување против силите на Оската, а во повоениот период за пресметување со политичките противници. Таа алатка не била само офанзивна, туку служела и за одбрана: антифашизмот бил елемент сврзан со комунистичките движења, па така секоја критика кон комунизмот претставувала напад врз антифашизмот – секој што го прави тоа мора да е фашист.

Антифашизмот како плашило и морално оправдување

Антифашизмот е плашило и треба да даде морално право за преземање секаков вид на дејство: доколку се претставиш како антифашист, тогаш твојот противник мора да е фашист, а според дефиницијата на фашизмот како „ЛОШО И ОМРАЗА“ – тогаш мора ти да си во право.

Повик за ослободување од идеолошка контрола

Време е да престанеме со несвесното оддржување на комунистичката идеологија во контрола врз нашите умови.

Историски примери и забелешки

За крај да го спомнеме следново:

  • СССР немаше проблем пред војната да соработува економски и воено со националсоцијалистичка Германија, односно со „клетите фашисти“.
  • СССР немаше проблем да склучи пакт со националсоцијалистичка Германија и здружено со нејзините сили да ја нападнат Полска.
  • Наеднаш, комунистичките движења ширум Европа ја започнаа борбата против нацистите и фашистите само тогаш кога силите на Оската го нападнаа СССР, што значи дека антифашизмот не бил некаква универзална морална идеја, туку комунистичка алатка под контрола на Москва.
  • Фашизмот се истакнува како најголемиот непријател на демократијата, а комунизмот како антифашистички е неговата целосна спротивност – односно ако фашизмот ја претставува најголемата антидемократија, тогаш комунизмот е најголемата демократија (комунистичките режими во Источна Европа самите себеси се нарекуваа „народни демократии“).
  • Мора да се истакне дека истите принципи на антифашизам продолжуваат и денес: модерната „Антифа“ спроведува терор сличен на сталинистичкиот – во голем дел од Западниот свет доволно е Антифа да се ПОСОМНЕВА во вашите ставови за да започне со физички напади или уништување на кариерата, репутацијата и општо животот на осомничениот.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD