НАШИТЕ ПРОЕКТИ ЗБОРУВААТ ЗА НАС

ПАТРИОТСКО ДРУШТВО Е ПОВЕЌЕ ОД БРЕНД

Ние не сме само бренд, туку движење родено од љубов кон татковината, историјата и идентитетот. Секој наш производ, видео или идеја е создадена со цел да ја разбуди свеста и гордоста што нè поврзува како народ.

ГО САКАМЕ ТОА ШТО ГО ПРАВИМЕ

Нашата работа е нашето верување.
Секоја маица, знаме или книга што ја создава Патриотско Друштво е симбол на борба, чест и достоинство. Ние не продаваме облека ние пренесуваме порака дека Македонија има душа што никогаш не се предава.

Патриотско друштво За Нас Кои Сме Ние

ПАТРИОТСКО ДРУШТВО

Кои сме ние?

Патриотско Друштво е млада амбициозна група од патриоти исполнети со ентузијазам каде што главната цел е подигнување на националната свест кај Македонците а воедно и градење на подобро општество. Организираме и правиме најразлични проекти на кој промовираме патриотизам, секој проект што го организираме е стрикно од македонски материјали и македонски компании.

Патриотско друштво започна како идеја и визија, да се подобри моменталното општество и состојбата на македонскиот народ на секој план. Сметаме дека декаденцијата на сите морални вредности и целосната незаинтересираност на Македонците на национално ниво, комбинирана со исклучиво хедонистичкиот животен стил, посебно кај младината, треба да се смени од корен. Патриотско друштво се фокусира на државата, верата и фамилијата. Имаме хуманитарни акиции, проекти поврзани со културата и развивање на македонштината во и надвор од границите на Македонија. Од основањето до сега Патриотско друштво има донирано преку 1.500.000 денари во хуманитарни цели, а полека станува сериозна платформа со значително влијание кај младината.
*Патриотско друштво не е член и поддржувач на ниту една политичка партија

Секој ден. Секој момент.
За Македонија!

0

АКТИВНИ ОД

0

ЗАДОВОЛНИ КУПУВАЧИ

0

ДОНИРАНИ СРЕДСТВА

0

СЛЕДАЧИ

Каде можеш да нè најдеш?

Facebook