Патриотски приказни
2001: Погазените идеали на бранителите
Во 2001 година нашите браќа, татковци, синови, другари одговорија на повикот на државата, и многумина од нив го жртвуваа својот живот во име на безбедноста и мирот за своите фамилии, за својот народ, за својата Македонија. Најмалку што може една држава и еден народ да направи за бранителите на таа држава и тој народ – е да го чува поменот за нивните животи и нивните дела, но и да се погрижи дека идеалите за кои бранителите загинале нема да бидат погазени.
Погазени идеали и горчлива реалност
Драги Македонци, идеалите и самата жртва на нашите бранители се погазени, исплукани и осквернавени. Боли да се признае, но време е да си признаеме: жртвата на сите Македонци кои учествуваа во војната во 2001 е залудна. ЗАЛУДНА. Нашите бранители ги дадоа своите животи за држава која повеќе не постои. Министерот за одбрана на нашата квази-македонска држава гордо прави фотографии пред знамето на терористичката воена организација која ги одзеде животите на многумина полицајци, војници, цивили. Македонци, во нормална држава за ваков случај прво ќе реагираат државните органи, а потоа народот. Но пред сите нив, можеби најпрво ќе реагираат припадниците на таа армија која е под надлежност на министерот.
Молкот како најголем пораз
Никаква реакција кај нас. Никаква. Ниту државна, ниту народна, а најмногу боли што не реагираа ниту нашите војници. Македонци, само кај нас ваков чин поминува и се заборава така лесно. Срам, срам, најголем срам за сите нас – за секој Македонец. Вечен срам и беда да не пратат додека сме вакви какви што сме. Нашите бранители ги дадоа своите животи за ништо. Залудна жртва. Срам да ни е.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери