ВМРО, Историја, Меѓувоен период

Британската јавност за ВМРО

Ванчо Михајлов ВМРО

До денешен ден се повторуваат критики и негативни гледишта за дејноста на обновеното ВМРО (по 1919 г.), кои се скоро идентични со критиките кои пристигнувале од страна на окупаторите на македонскиот народ. Разликата е таа што денес, за жал, тие критики доаѓаат од самиот македонски народ. Жорж Суир, член на Англискиот кралски институт за меѓународни односи, ја дал следната оцена за ВМРО и критиките кон него во издание на „Буенос Ајрес Хералд“ од 15 мај 1934 година:

Сведоштвото на Жорж Суир во „Буенос Ајрес Хералд“

„Често се кажува надвор од границите на Бугарија, дека ВМРО дегенерирала во една мала група на убијци, и дека Ванчо Михајлов е еден обичен бандитски лидер. Тоа е пропаганда на оние, кои се плашат од тоа ВМРО и таа пропаганда ги пропушта фактите. Може еден човек да не се согласува со методите на борбата, меѓутоа ниту еден чесен човек нема да остане недопрен од самопожртвуваноста и смелоста кои се присутни.

Бетонските утврдувања на југословенската граница

Јас го почувствував ентузијазмот, кој ги потхранува тие подвизи – тоа е еден ентузијазам, кој ги натера Југословените да воспостават долж целата нивна граница со Бугарија таква одбрана, каква што не може да се види на ниту една друга граница во светот. На секоја половина милја, или помалку, Југословените дигнале вистински бетонски куќи и извиднички кули и меѓу нив има една непрекината линија од жичани мрежи, шилци и јами со набиени колови во нив. На сите сто чекори има заседи. Има уште три линии на одбрана. На бугарската страна нема ништо освен една обична гранична стражарница. На секоја таква стражарница има 12 југословенски бетонски куќи.

Најмоќната револуционерна сила во Европа

Би биле ли неопходни тие одбранбени средства против една мала група на обични убијци? Факт е, дека ВМРО останува најмоќната револуционерна организација во светот… Денес Михајлов во Европа држи една положба на извонредна важност, зашто се чини дека е во негова сила да бира помеѓу мир и војна на Балканот“.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD