Идеологија

Зошто национализам?

Зошто национализам?

Денес се бележат рекордни стапки на депресија, стапката на самоубиства во Западниот свет е на највисоко ниво од времето на ВСВ, децата се на антидепресанти уште од школска возраст.

Некој ќе каже дека и во минатото состојбата била лоша, но не било нормализирано барањето на помош за таквите проблеми. Тоа е вистина. Меѓутоа луѓето тогаш, покрај сѐ, знаеле да искочат на крај со своите проблеми. Без разлика на тешкотиите, тие наоѓале начин да се изборат со нив.

Зошто денес состојбата е толку лоша и луѓето сѐ потешко го наоѓаат крајот на тунелот, а многумина воопшто не го наоѓаат? Како може зголеме национализам да влијае на сево ова?

Современата криза на смислата

Основната причина за депресија, безидејност и летаргичност кај луѓето е немањето цел. Животот е постојана борба, а тие немаат никаква причина да продолжат да се борат.

Сексуалната револуција ги уништи и љубовните врски и браковите, кои во минатото пружале некаква сигурност и удобност. Денес луѓето ја бараат целта во краткорочни работи и задоволства кои не го поправаат основниот проблем.

Национализам како начин на живот

Да се биде националист не значи само да се објавуваат слики од мапи по социјалните мрежи.Не е ниту да се учат историски аргументи за да се употребуваат при расправии со други.

Национализмот е начин на живот.

Да се биде националист значи целосно да се посветиш на една повисока цел. Таа цел е различна од другите, бидејќи не е краткорочна како дејството на шише алкохол, кутија цигари или апчиња, секс и слично – целта е здорва, силна нација.

Повисоката цел и одговорноста

За таквата цел борбата е постојана. Трае денес, трае утре, а ќе трае и понатаму, бидејќи секогаш може да се стори нешто повеќе за својата заедница.

Таа повисока цел не може да те разочара и напушти. Понекогаш сакаме да се откажеме, но продолжуваме поради другите околу нас.

Национализмот дава насока и чувство на одговорност. Нема да ти дозволи да се откажеш, затоа што ќе чувствуваш вина дека не си го исполнил својот долг.

Одредете си повисока цел во животот. Националистот има вечен долг кој секојдневно ќе го инспирира и ќе го оддржува неговиот оган.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD