Идеологија, Политика

Зошто низок наталитет на Западот?

Низок наталитет

Една од главните политички теми во западниот свет е демографската криза. Како се дошло до овој проблем, заеднички за сите високо развиени земји, дури и надвор од Европа и европската дијаспора?

Губење на поттикот за пород

Денес нема силен поттик за пород. Во руралното и агрикултурно минато големо семејство значело повеќе работни раце за обработување на земјата, а при отсуството на пензиски систем (воглавно воведен минатиот век) породот бил единствен начин за обезбедување на сигурна старост – односно, имало реална потреба и поттик за размножување. Тој поттик бил отстранет со урбанизацијата и воведувањето на пензиска помош.

Полова рамноправност и сексуална револуција

Половата рамноправност и сексуалната револуција се друг важен фактор. Во минатиот век жените биле вклучени во работната сила, дуплирајќи го нејзиниот број. Со достапот до пазарот и образованието, се отвориле големи професионални можности за жените, а мајчинството стана препрека кон стремежот за успешна кариера.

Сексуалната револуција ги нормализираше и востанови необврзувачките сексуални односи како норма, долготрајните сериозни врски помеѓу маж и жена се реткост или се раскинуваат без многу размислување, а градењето семејство повеќе не е нешто нераскинливо сврзано со тие врски. Дополнително, зачести контрацепцијата и се појави ЛГБТИ+ идеологијата, се нормализираат (дури и охрабруваат) истополови односи, менување на полови и сл.

Економски причини за опаѓање на наталитетот

Економскиот фактор е исто така важен. Издржување на деца денес бара многу повеќе средства отколку во минатото. Ако во минатото нашите предци ги снабдувале децата со било каква маица и едноставни чевли, денес се очекуваат брендирани облеки, најнови технолошки уреди и живот достоен на установениот висок европски стандард. Покрај негативниот наталитет, цените на домовите растат и е сè потешко да се обезбедат, а уште помалку може да се говори за купување на дом доволно голем за издржување на повеќе од две деца, за разлика од минатото кога се живеело во куќи и имало култура на споделено живеалиште.

На крајот, се работи за приоритети: голем дел од потенцијалните родители сакаат да си го задржат моменталното ниво на потрошувачка и раскош, а породот го гледаат како обврска која ќе го наруши тоа ниво.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар