Идеологија, Религија

Зошто поддршка за имиграцијата?

Зошто поддршка миграција

Секој кој се противи на неконтролираната легална и нелегална имиграција кон Европа и европската дијаспора наидува на оправдувањето: „Западот нема доволно луѓе за да се одржи економијата, што ќе се прави без имигрантите?“ И како што некогаш биле потребни робови затоа што најевтино/бесплатно работеле на нива и собирале памук, така и денес се потребни евтини работници кои ќе го работат тоа за кое не се заинтересирани Европејците чиј број се намалува.
Плус, тука е и реалниот проблем со сѐ побројното старечко население, па имиграцијата се смета за спас во тој поглед.

Евтината работна сила како решение

Европејците, навикнати на повисок стандард, не сакаат да работат за ништо и очекуваат чесна компензација за нивниот труд – денешното решение не е зголемување на платите, туку едноставно увезување на поевтина работна сила од сиромашни држави која ќе работи без да се жали и ќе се радува на заработката која е x10 поголема од таа во нивните земји.
Истовремено, големиот наплив на нова работна сила на пазарот овозможува стагнација или дури и намалување на платите, а работодавците се повеќе од среќни да се користат и со трудот на нелегални имигранти, кои ги плаќаат „под маса“ без да треба да им обезбедат бенефиции.

Интересите на капиталистичките корпорации

Како што капиталистичките корпорации добија најмногу од т.н. еманципирање на жената (не од хуманитарни побуди), така и денес тие добиваат од имиграцијата.
Сите големи корпорации се поддржувачи на ЛГБТ идеологијата и ги промовираат расното мешање и сите оние невредности кои водат до постепеното заменување на европските со неевропски народи.
Исто така, тие не би прифатиле преуредување на економијата кое би одговарало на новите демографски околности, бидејќи нивните интереси не се сврзани со европските национални интереси, туку со глобалниот пазар и личниот профит.

Левичарската поддршка за имиграцијата

Можеби уште поинтересно е прашањето зошто левичарите ја поддржуваат имиграцијата. Таа ги намалува платите и ја засилува експлоатацијата на работниците, го зголемува процентот на население со целосно спротивставен светоглед во однос на „прогресивните“ размислувања, при моменталниот обем на имиграција го зголемува нетрпението помеѓу домородното население и новодојденците и води до пораст на крајната десница, како и ред други резултати.
Според тоа што може да се забележи воглавно одговорот е овој: левичарите се свесни за овие негативни ефекти во земјите кои се мета на имиграција, но тие се раководат според интернационалистички принципи – за нив дојденците се подеднакво важни колку и домородците.
Тие велат „Да, кога ќе се согледа пошироката слика имиграцијата овозможува засилена експлоатација врз работниците, но токму поради тоа што и имигрантите се угнетени треба да им се помогне“, дури и ако тоа е на штета на домашното население, затоа што според левичарите и Абдула и Петар се работници и едно исто: и двајцата треба да имаат подеднакви услови, дури и ако тоа значи влошување на условите за едниот од нив.

Хуманитарните и неолиберални аргументи

Европејците задоени од хуманитарни вредности, според кои е должност на поразвиените држави да ги прифатат оние кои имаат потреба од помош, веќе не прават разлика помеѓу бегалци, економски имигранти и завојувачи и го игнорираат фактот што имигрантите од Блискиот Исток и Африка патуваат директно и специфично во Европа, иако многу од нив во близина на нивните родни земји имаат богати и развиени арапски држави со кои споделуваат културни, верски и морални вредности, па побрзо би се интегрирале во тамошните општества.
Има и такви неолиберали кои сметаат дека европските држави мораат да ги примаат имигрантите и да се самоповредуваат за да ги откупат своите колонијални гревови, но и тука се игнорира фактот дека Шведска, Финска, Данска, Австрија и други (на пр. Ирска, која и самата била жртва на колонизација) немале значителни поседи и/или не освоиле или колонизирале земји од Африка и Азија, па така овој аргумент за имиграција повеќе звучи на денес распространетата белечка самоомраза, отколку на некаков валиден морален аргумент.

Заклучок

Краток заклучок: капиталистичките големи корпорации и лоби групи ја поддржуваат имиграцијата бидејќи овозможува поевтина работна сила, а левичарите ја поддржуваат поради идеолошки догматски и емоционални гледишта – тие заедно во тандем, за свои цели и преку едно можеби несвесно и несвето сојузништво, го наметнаа гледиштето во јавноста дека е морална обврска да се започне и продолжи со неконтролирана имиграција. Фактор е и очевидната омраза и завист кон белите народи.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *