Патриотско Друштво

Борбата во Југославија

Борбата во Југославија

Иако како дел од поширока федерација, со крајот на Втората светска војна конечно била создадена македонска држава. Во рамките на Југославија, Македонците добиле своја држава по макотрпната вековна борба. Сепак, не било сè така розово. Водејќи се по политиката на братство и единство, југословенските власти ги репресирале сите национални движења во рамките на федерацијата, па така и македонското. Понатаму, власта не дозволувала развивање на никакви идеи за обединување на останатите делови на Македонија кон ослободената.

Противниците на режимот биле принудени да бегаат од државата или да ги трпат бруталните казни на комунистите. Ова станало очигледно уште во првите години од постоењето на југословенската федерација. Истакнати македонски дејци како Павел Шатев и Панко Брашнаров го осетиле тоа на сопствената кожа. Нивната опозиција на КПЈ по разидувањето со Информбирото ги става на нишан на новите власти. Шатев бил уапсен и прогласен за непријател на државата. Одлежал 11 месеци затвор. Потоа продолжил да живее во домашен притвор. Поради тешките услови во скопскиот затвор се разболел и набрзо потоа починал. Не бил закопан во Кратово, а на погребот било забрането да присуствуваат неговите блиски.

Уште полоша била судбината на Панко Брашнаров. Децениски поддржувач на македонските идеали, и Брашнаров се спротивставил на КПЈ. На дури 67 годишна возраст е испратен на Голи Оток каде починал по само неколку дена. Неговите посмртни останки не биле пронајдени сè до 2011 година. Брашнар своевремено бил потпретседател на Президумот на АСНОМ. Слична поминал и претсетаделот на Президумот. Станува збор за Методија Андонов – Ченто. Ченто се противел на праќањето на Македонци на туѓите фронтови и на поголема нивна независност на територијата на Македонија. Се залагал на обединување на цела Македонија. Одлежал дури девет години затвор под специјални услови во кои имал само триесет минутни дневни прошетки. Починал бидејќи не му било дозволено да се лекува во странство. 

„Таму не е Македонија! Ако треба да се повлечеме, тогаш ќе се повлечеме во Егејска и Пиринска Македонија, кои се делови од Македонија и каде што живеат Македонци, кои треба да се вклучат во ослободувањето и во обединувањето на Македонија.“ – Ченто бил голем противник на големосрпските и југословенски пропаганди.

За време на Југославија се проширила и емигрантската мрежа на македонски дејци. Нејзин неприкосновен водач бил Драган Богдановски. Богдановски бил исклучен од сите југословенски факултети по обидот создавање на Македонски студентски клуб. Неколку децении поминал во странство каде издавал бројни македонски весници и создал организации како Македонска искра и Македонска Лоза. Поради неговата дејност поврзана со Движењето за ослободување и обединување на Македонија – ДООМ е киднапиран од југословенските служби и вратен во Југославија. Поминал 11 години во затвор. По неговото ослободување бил еден од главните основачи на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 1998 година починал на негова 69 годишна возраст.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks