Патриотско Друштво

Македонија во Втората светска војна

Македонија во Втората светска војна

Поделени помеѓу окупаторските соседи, Македонците не можеле да создадат единствено тело за отпор при избувнувањето на Втората светска војна. Сепак, уште од самиот почеток на војната во сите делови од Македонија почнал да се развива комплексен систем на отпор против новите владетели. Бурата што настанала н. На крајот, делумно се остварил вековниот идеал за слободна и независна македонска држава.

Во новата поделба на Македонија учествувале силите на Челичниот пакт и нивните колаборатори Албанија и Бугарија. Покрај Пиринска, Бугарија ја зазела контролата врз најголемиот дел од Вардарска Македонија. Таа контролирала и значаен егејски дел. Западниот дел на етничка Македонија припаднал на Италија, додека Германија ја окупирала централна Беломорска Македонија. Веднаш се формирале првите партизански одреди и чети кои учествувале во антифашистичката борба. Иако имало акции и пред тоа, 11 октомври 1941 година се смета за почеток на востанието на македонскиот народ. Тоа бил датумот кога припадници на прилепскиот партизански одред Гоце Делчев ги нападнале бугарските сили во Прилеп.

Едно нешто кое денешните бугарски пропагатори не изоставаат да го споменат е наводниот топол дочек на бугарската војска во Македонија. Вреди да се спомене дека и покрај тоа што многу мал дел од населението ги пречекал Бугарите како ослободители, тоа било поради бруталното српско владеење од изминатите 20 години. Останатите дочеци биле организирани од Бугарските акционени комитети, а всушност Бугарите биле бојкотирани уште од самиот почеток, па затоа вреди да се спомне нивното “испраќање” од Македонија.

Македонската борба значително се развила во 1942 година. Биле активни партизански одреди во сите делови на територијата. Тие учествувале во директни напади против окупаторите но извршувале и најразлични саботажи. Поистакнати одреди од овој период биле одредот Јане Сандански во Пиринска Македонија и НОПО Лазо Трпоски во Егејска. Одредите во Вардарска Македонија успеале да ги ослободат Кичевско и Дебарско во 1943 година. Истовремено слободни биле и територии јужно од југословенската граница како и делови од североисточна Македонија. При крајот на 1943 и во следната година ослободителната војска доживеала целосно реструктурирање. Почнале да се создаваат десетици бригади кои придонеле во истерувањето на непријателот од македонската земја. До крајот на војната на овие простори се формирале преку 45 бригади – од пешадиски и артилериски, сè до коњички и инженерски.

Епилогот на Втората светска војна било создавањето на македонска држава. Иако само во делот на Вардарска Македонија, таа претставувала остварување на желбата на секој Македонец од претходните векови. Секако, тоа била држава во склоп на тогашната федерација Југославија, а и таа имала бројни маани. За неправдите кои новиот, комунистички, режим ги вршел врз македонското население ќе зборуваме во последниот текст од списанието.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks