Патриотско Друштво

Македонски организации надвор од МРО

Македонски организации надвор од МРО

Како најмасовна организација на Македонците под османлиска власт, ВМРО е често и синоним на националноослободителната борба. Секако, Организацијата не е единствена која дала свој придонес за остварување на вековниот идеал. Во продолжени издвојуваме неколку од многуте братства, друштва, дружини и комитети кои биле поборници на идејата за независна Македонија. 

Лозарите од Младата македонска книжовна дружина биле меѓу најраните застапувачи на  македонската самобитност. Тие дејствувале преку издавање на списанието „Лоза“ кое имало шест изданија. Дружината се состоела од членови како Груев, Делчев, Петар Поп Арсов, Војдан Чернодрински, Александар Караѓулев Охридски и други. „Во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија, излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!“ – изјавил весникот Свобода во врска со Лозарите. Не е ни чудно што дружината набрзо била забранета.

Македонски комитет (1895 – 1905), подоцна познат и како Врховен македонски комитет е една од првите поголеми емигрантски организации. Всушност комитетот настанал по I македонски конгрес на кој било одлучено сите друштва во Бугарија да бидат претставувани од едно раководно тело. Додека бил предводен од Трајко Китанчев, МК бил силен поборник за ослободување на Македонија. По неговата смрт, комитетот полека потпаднал под контрола на бугарскиот двор и често бил во конфликт со ТМОРО. Попозната акција на комитетот е Мелничката авантура.

Македонска младинска тајна револуционерна организација покажала дека создавањето на распространета организирана мрежа во Вардарска и Егејска Македонија не било невозможно. Она што започнало како идеја на неколку студенти во Загреб прераснало во група од 190 членови. ММТРО се залагала за независна Македонија. Веројатно поради несогласувања со михајловистичката ВМРО дошло до провала по која следел познатиот Скопски студентски процес. Адвокат на студентите им бил Анте Павелиќ. Изреволтирана од тешките пресуди кои ги добиле студентите, Мара Бунева во 1928 година го убива одговорниот Велимир Прелиќ. ММТРО со драстично намален капацитет продолжила да постои до Втората светска војна кога се слеала со ослободителните структури.

Главен претставник на македонската левица меѓу двете светски војни била ВМРО (Обединета). Несогласувањата кои настанале по потпишувањето на Мајскиот манифест довеле до разидување на голем број на дејци од ВМРО. Така била создадена ВМРО (Обединета) во чиј состав влегувале дејци како Панко Брашнаров, Влахов, Методија Шаторов – Шарло и Павел Шатев. Организацијата се залагала за ослободување на Македонија и нејзино приклучување кон евентуална федерација на Балканските држави. Филип Атанасов, Шатев, Михаил Герџиков и други набрзо се отцепиле од организацијата. Таа била разбиена во 1930 година во Вардарска Македонија, а неколку години подоцна и во другите делови на Македонија.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks