Патриотско Друштво

Борбата против српската окупација

Отпорот против српската окупација

По крајот на балканските војни дошло до преуредување на границите на државите во регионот. Македонците кои со децении се бореле за својата независност се ослободиле од османлиската окупација, но биле дополнително поделени. Делови од Македонија припаднале на Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Како особено брутален режим кој веднаш започнал со србизација на месното население, српската власт била екстремно непопуларна меѓу Македонците.

Непосредно пред почетокот на Втората балканска војна, Македонците го организирале првиот помасовен бунт против српскиот окупатор. Станува збор за Тиквешкото востание од 1913 година. Населението од целата Тиквешија се кренало против Кралството Србија и теророт кој тоа го вршело во овој регион. Се работи за востание кое било организирано без детални подготовки, но сепак имало голем размер. Во него учествувале дејци од Тиквешијата кои добиле помош од структури на тогашното ВМРО. Најголеми ослободени територии биле Неготино и Кавадарци. Биле ослободени и десетици села во нивната околина, а истакнатите војводи како Мишо Шкартов и Дончо Лазаров во неколку наврати ги одбиле српските офанзиви. Востанието траело околу недела дена. Посебно се издвојува ужасното задушување на востанието. Покрај тоа што биле убиени околу 1000 Тиквешани, биле запалени и преку илјада куќи. Мора да се спомене и злосторството во кое 150 кавадарчани биле оставени да висат 30 часа пред да бидат стрелани.

По крајот на гореспоменатата Втора балканска војна избувнало уште едно востание. Овој пат, на окупаторот се спротивставиле жителите на Дебарско, Струшко и Охридско, повторно со помош на ВМРО. Ова востание е пример и за ретка соработка помеѓу македонските и албанските револуционерни движења. Во организирање на востанието учествувале војводи како Милан Матов, Павел Христов и други, а најистакнат бил Петар Чаулев. По иницијалното ослободување на Дебар, Охрид и Струга, востаниците се обиделе да го прошират востанието и во други градови. По жестоки борби со Србите тие го ослободиле и Кичево. Меѓутоа, набрзо била мобилизирана огромна српска армија која почнала со враќање на загубените територии. Исто така, обидите за освојување на Битола биле осуетени прво од грчката војска, а потоа и од мобилизираната српска армија. Сите ослободени градови биле подложени на уништување, убиства, малтретирање и протерување на нивните жители.

Како друг напад против српскиот окупатор се издвојува и познатата Валандовска афера. Таа се одвивала во Валандово, Пирава и Удово. Учествувале илјадници четници и припадници на селската милиција кои нанеле големи штети на српските единици. За време на кратката акција, четниците на ВМРО успеале да убијат дури 470 српски војници и 7 офицери, а во меѓувреме претрпеле околу 40 жртви. Акцијата имала повеќе цели. Четниците планирале да го уништат мостот преку кој се снабдувала српската армија на релација Солун – Скопје. Друга цел било да се предизвика поголем инцидент кој би ја вовлекол Бугарија во Големата војна. 

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks