Патриотско Друштво

Илинденско востание

Илинденско востание

Експоненцијалниот раст кој ТМОРО како организација го доживеала во само неколку години го потврдил стремежот кон слобода на Македонецот. Неминовно било избувнувањето на едно масивно востание и било само прашање на време кога ќе дојде до еден таков сенароден бунт. По долгите контроверзни преговори меѓу спротивставените фракции во Организацијата конечно била донесена одлука за кревање на востание. Таа одлука стапила на сила за време на Солунскиот конгрес од 1903 година.

Иако народот бил во исчекување востание, некои од окрузите не биле ни приближно спремни за акција од вакви размери. Главен центар на востанието бил Битолскиот револуционерен округ, но борби се воделе насекаде низ окупираната територија. Востанието во овој округ започнало со нападот на село Смилево на празникот св. Илија. Четите подоцна се рашириле во соседните региони, а набрзо дошло и до ослободување на Крушево. Во оваа борба учествувале 750 вооружени востаници. 

Револуционерните окрузи кои не биле спремни за масовно востание ги помагале востаниците користејќи герилски тактики. Биле напаѓани сите поголеми населени места на територијата на Македонија. На овој начин востаниците пробале да го олеснат притисокот кој го имале нивните браќа од Битолскиот округ. Со напаѓање на стратегиски цели биле забавени и засилувањата кои Турците ги праќале на запад. Ослободената територија во овој округ се протегала од Кичевско на север па сè до Костурско на југ. 

Гореспоменатото ослободување на Крушево довело до создавање на таканаречената Крушевска Република. Тоа всушност била востаничката власт во Крушево која била базирана на принципите на модерна република. Таа постоела од 3 до 13 август 1903 година, а во тоа кратко време успеала да ги организира сите потребни гранки на една држава. Крушевската Република имала Совет, привремена влада, суд, пошта, болница, оддел за производство на востаничка опрема и оружје итн. Бил организиран и систем за даночење на населението, а сето ова било направено врз демократски принципи. 

Покрај очекуваните последици, неуспехот на Илинденското востание предизвикал и расцеп во Македонската револуционерна организација. Имено, Организацијата се поделила на две струи – конзервативната и реформска. Првата се залагала за задржување на централистичкиот принцип на организацијата, додека втората била за децентрализација и демократизирање на движењето. Настапил период на постепено влошување на односите меѓу двете крила. Различните идеолошки погледи и физичките пресметки предизвикани од нив резултирале во конечен расцеп на ВМОРО во 1908 година. Расцепот на Организацијата го оставил македонскиот народ без единственото револуционерно тело врз кое тој ги полагал своите надежи за слобода. И двете крила создале свои организации во наредните години, но ниту една од нив немала ни приближно големо влијание како она на МРО.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks