Патриотско Друштво

ВМРО (Автономистичка)

ВМРО (Автономистичка)

Структури на Македонската револуционерна организација започнале процес на обновување на ВМОРО веднаш по нејзиниот расцеп во 1908 година. Биле основани бројни движења кои се претставувале како наследници на Организацијата. Војводи како Тодор Александров, Петар Чаулев и Христо Чернопеев се обиделе да го возобноват ВМОРО во неговиот полн сјај. Овој процес бил привремено прекинат за време на Првата светска војна. На крајот на декември 1919 година доаѓа до основање на ВМРО – Автономистичка.

ВМРО користело многу од старите канали за комуникација воспоставени од МРО. Тоа воспоставило мрежа за врски, почнало со обновување на четите во Егејска и Вардарска Македонија и создало разгранет систем на дејствување во Пиринска Македонија. Како што истакнал Французинот Алберт Лондр во неговата книга Комитаџии: „постои една организација која е посилна од државата на чија територија дејствува“. За членови на Задграничното претставништво биле одбрани Наум Томалевски, Георги Баждаров и Кирил Прличев. Поради тоа што не бил свикан никаков конгрес при изборот на ЦК и ЗП, голем број на македонски дејци не го признавале легитимитетот на ова ВМРО.

ВМРО главно дејствувало на терористички принципи. Посебно се издвојувало по атентатите на противници, но и поддржувачи на македонското дело. По атентатот врз водачот Тодор Александров започнале идеолошки пресметки во редовите на ВМРО, а подоцна дошло и до поширока братоубиствена војна која придонела за расколот и поделбата на протогеровисти и михајловисти. Водството на ВМРО го наследил Иван Михајлов. Додека главната идеја по кои се водел Александров била автономијата и ослободување на Македонија, на Михајлов во прв план му биле личните интереси. Тој исто така дејствувал и како слуга на бугарскиот двор, често целосно занемарувајќи ги македонските маки.

Противниците на ВМРО морале да живеат во постојан страв. Организацијата е делумно одговорна за атентатите врз бугарскиот премиер Александар Стамболијски и неговиот министер за внатрешни работи Димитров. Како одмазда за судењето на македонските студенти од ММТРО бил убиен Србинот Велимир Прелиќ. Атентатот во Скопје го извршила револуционерката Мара Бунева која потоа си го одзела сопствениот живот. Убедливо најголема акција на ВМРО бил Марсејскиот атентат. Во координација со хрватските ослободителни елементи, на 9 октомври 1934 година Владо Черноземски го убил југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ. 

Македонската историографија, посебно во времето на Југославија, често зборува за автономистичкото ВМРО во негативен контекст. Вистина е дека постоел активен бугарофилски елемент кој е производ на децениската бугарска пропаганда врз македонското население. Тоа на никој начин не го побива фактот дека ова ВМРО било најголемиот двигател за ослободување на македонскиот народ меѓу двете светски војни и повторно го поставил македонското прашање на насловните страници на сите светски весници.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks