Патриотско Друштво

Карпошово востание

Карпошово востание

Од потпаѓањето на Македонија под отоманска власт, месното население трпеливо чекало прилика на слабост на империјата која би можело да ја искористи за извојување слобода. По неколкуте задушени буни, на крајот на 17 век се појавил првиот поголем организиран отпор од македонското население. Имено, по неуспешното заземање на Виена во 1683 година започнал период на порази за Османлиите. Во следните неколку години тие изгубиле значајни територии во Европа, а силите на новосоздадената Света лига продреле дури до Македонија.

Силвио Пиколомини и австриската армија се наоѓале во околината на Македонија кон крајот на 1689 година. Тој најпрвин бил пречекан од илјадници востаници во Приштина. Неговите планови биле да го ослободи Скопје и Македонија, но поради тогашната чума во градот, тој се одлучил да го запали. Кон средината на октомври започнале првите востанички акции кои се одвивале во североисточниот дел на Македонија, поточно помеѓу Ќустендил и Скопје. Востанието било предводено од Петар Карпош, родум од кумановското село Војник. Не се познати многу информации во врска со животот и делото на Карпош. Она што го знаеме е дека тој долги години бил ајдутин и бил активен во повеќе околиски кази. Откако бил фатен од отоманските власти на средината на 1689 година, тој бил амнестиран и станал мартолозбашија, водач на тогашната народна милиција во десет кази. Сè ова било направено со цел да се придобие Карпош од страна на централните власти, но безуспешно.

Главна слободна територија на востаниците била Крива Паланка. Набрзо било ослободено и Куманово, а потоа и Кратово. Според некои извори, и Кочани било дел од слободната македонска територија. Избивањето на востанието паралелно со австрискиот продор на Балканот било дочекано позитивно од австрискиот двор. Наводно, царот Леополд Први го има прогласено Карпош за „Крал на Куманово“. Историчарите се поделени за вистинитоста на оваа информација, но сигурно е дека Карпош добил некој вид на признание од Австријците.

Сепак, успесите на востанието не биле долготрајни. Со помош на кримските татарски одреди отоманските власти следниот месец ја вратиле контролата врз ослободените територии. Во одлучувачката битка во Кумановско бил заробен водачот на востанието. Карпош бил одведен во Скопје каде што во близина на Камениот мост бил набиен на колец, избоден и фрлен во реката Вардар. Спротивно на бугарската пропаганда, ова било востание кое имало одреден македонски карактер. И самиот цар Леополд Први се обратил на Македонците и им порачал заедно да се борат против заедничкиот непријател. Теророт врз Македонците по задушувањето на востанието придонел многу од нив да ја напуштат татковината и да се населат во слободните европски држави. Најпогодени биле северозападните територии на државата, по што дошло до масовно населување на албанско население на овие простори.

Shopping Cart

SPIN TO WIN!

  • Пробајте ја вашата среќа да добиете купон за попуст
  • 1 вртење
  • Без мамење
Пробајте ја вашата среќа
Never
Remind later
No thanks