Идеологија, Политика

Демографски аларм – зошто мерките не помагаат?

Демографски аларм

Премиерот Мицкоски изјави дека е вклучен демографскиот аларм – во Македонија не се раѓаат доволно деца. Ефектите можат да се забележат и сега, а најмногу во малите градови и селата, но ќе биде навистина критично во не толку далечната иднина кога ќе доминира старото неработоспособно население. Нема да може да се одржува економијата ниту за исплаќање на пензии и за пружање на основна здравствена нега (особено потребна за старите), а ниту ќе има кој да се грижи за старите – ниту доктори, ниту синови и ќерки, ниту внуци. Старите (а тоа некогаш ќе бидеме сите) без било каква нега и без основна пензија се осудени на тежок залез на животниот пат.

Две патеки и критика на предложениот данок

Како што рече и премиерот, ова е проблем и на цела Европа. Решенијата се две: зголемување на наталитетот, или отворање на портите за масовна имиграција. Европа се реши за втората опција и во тој поглед можеме да учиме како НЕ ТРЕБА. За сега, големата предлог мерка на нашата влада е: данок за немажени и неженети. Тешко е да се замисли дека било кој во Владата го смета ова за сериозен предлог, затоа што повеќе од сѐ личи на мерка која дава привид за работење на случајот, без навистина да се работи на него (како што тоа често бидува во нашата Македонија). Дали знаете барем една личност која ќе се одлучи на брак и деца поради оваа присилна мерка? Ниту јас.

Зошто глобалните бенефиции не даваат резултат

Сепак, демографскиот предизвик останува и решение мора да се најде. Меѓувремено гледаме како останатите европски и други развиени земји се обидуваат да го решат истиот проблем, со секакви бенефиции: платено и зголемено породилно отсуство, еднократна или месечна парична помош, поволни кредити, даночни олеснувања, а некои и со поекстремни мерки како забрана за аборција. На крајот секогаш се прибегнува кон увезување работници од странство бидејќи НИТУ ЕДНА европска земја (без исклучок) не успева да достигне наталитет над 2.1. Дури и највеликодушните држави имаат низок наталитет: Јужна Кореја потроши над 200 милијарди долари во последната деценија во мерки за зголемување на наталитетот, а резултатот е стапка 0.7, најниска во светот. Копирање на мерките на овие земји секогаш ќе води до исти резултати.

Исклучокот Израел и историскиот пример на НС Германија

И додека се чини дека ниту една развиена држава не може да ја победи белата демографска смрт, постои само една единствена развиена и напредна држава која има висок наталитет: Израел. Со просечна стапка на фертилитет од 2.8 (по 2.8 деца од жена), Израел е далеку над сите останати развиени земји и има осигурана иднина. Оваа стапка во голем дел е заслуга на длабоко религиозните Евреи (со тоа што ултра-ортодоксните имаат до 7 деца), но и секуларните Евреи имаат повисок наталитет од европејците. Имаме и друг историски пример од Европа, а тоа е националсоцијалистичка Германија: со фертилитет од 1.7 во 1933 г. до 2.6 во 1939 г. Што е разликата помеѓу Израел и НС Германија и останатите развиени земји кои се мачат со наталитетот?

Културата, не бенефициите, како клучен двигател

Не паричните бенефиции или присилните мерки, туку КУЛТУРАТА на една заедница е одлучна во поглед на демографскиот пораст. Државните помошни мерки можат да помогнат, но само ако ја поткрепуваат постоечката културна мотивација. Без општествена желба и колективна визија, дури и највисоките детски надоместоци (на пр. Франција или Шведска) не произведуваат природен прираст над 2.1. Денешното капиталистичко и либерално општество не овозможува здрав национален живот и пораст на демографија, бидејќи во таквото општество децата се препрека за слободниот живот и самоисполнувањето промовирани од овие индивидуалистички идеологии, кои продуктивноста и профитот ги ставаат на пиедестал. Споредете го тоа со национализмот, чувството на служба и должност, верската посветеност и високата културна вредност на семејството во Израел или НС Германија.

Критика на либерално-капиталистичкиот модел

Во нашите модерни капиталистички општества децата се финансиски товар, а не должност кон нацијата и основа на општеството. Времето за семејството се жртвува за кариера, а работата ја одложува бременоста или целосно ја игнорира. Индивидуализмот, одделен од духовноста, не дава ниту некаква длабока цел зашто треба да се продолжи родот. Тоа е начинот на живот во либералните земји и сите сме подложни на него, сите помалку или повеќе се водиме од принципите на либералниот поредок поставен по Втората светска војна. Никакви парични, даночни и други бенефиции нема да помогнат во рамки на либерално, капиталистичко и секуларно општество кое не знае за морални вредности, жртва за нешто поголемо од самите себеси и должност – кон нацијата, заедницата, семејството.

Зошто конзервативните примери не се доволни

Не е доволен конзерватизмот и традиционализмот на Унгарија или Полска (фертилитет од 1.5 и катастрофални 1.1), бидејќи тие постојат во склоп на трул систем осуден на пропаст од самиот почеток, а финансиските стимулации не ја менуваат културната вредност на семејството. Капитализмот го претвора животот во економска формула, либерализмот го претвора во индивидуален проект, а таму нема место за деца. Демографскиот пад не е последица на сиромаштија (најсиромашните земји имаат најголем фертилитет), туку на културна и духовна деградација. За да се совлада демографската криза потребен е ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ на политиката во секој сектор од животот, а на тоа не е подготвена ниту една влада, ниту народната заедница – и тоа е големата трагедија на нашето време.

Заклучок и вредносен пресврт

Заклучок: Одлучни се културата и општествената свест, а не паричниот надоместок или казните за населението. Во безбожно, хедонистичко и индивидуалистичко општество во кое профитот, страстите и поединецот се богови не може да се очекува високо ниво на должност кон повисоки идеали, пожртвуваност кон заедницата и посветеност на семејните вредности. Во таква средина децата се пречка за исполнување на соништата.
Демографскиот проблем ќе се надмине само со целосно преустројување на вредностите во општеството – задача преамбициозна за било која политичка структура во Европа и Македонија.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Демографски аларм

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *