Патриотски приказни
БЕЗ ДЕМОРАЛИЗАЦИЈА
Не е тешко човек да се деморализира во денешното општество. Како еден македонски националист да не крене раце и од народот, и од државата, и од идеологијата и да посака да се изолира на планина, во услови кога гледа што се случува со нашите институции, колку рамнодушен, циничен и наивен е народот и како моралните вредности се скоро целосно исчезнати од нашето општество?
Изворот на идеализмот
За да се задржи идеализмот, најдобро е да се одбегне да го бараме изворот на секојдневна мотивација во народот како колектив.
Зошто? Бидејќи нашиот колектив е составен од луѓе – луѓето по природа се и можат да бидат грешни, превртливи, кукавични и злобни. Неизбежно е да се разочараме доколку нашата мотивација зависи од состојбата на луѓето околу нас, а оганот во нашиот дух постојано ќе згаснува.
Народот и идеалот
Можеби звучи контрадикторно, бидејќи како националисти токму народот е предметот на нашата верност, но не говориме за откинување на врската со народот, туку за црпење на секојдневната мотивација од еден цврст, непроменлив и идеален извор кој не може да нè разочара за продолжување на борбата – која знаеме дека е правилна без оглед на нашето ниво на мотивација.
Херојскиот пример како духовен извор
Во тој поглед, докажана „тактика“ е изворот на нашиот оган да бидат оние достојните пред нас, кои живееле и гинеле за идејата целиот колектив и ние како нивни наследници да живееме слободно.
Дали тие се бореле со вооружениот окупатор и со сомнежите на својот човечки дух – бидејќи и тие чувствувале страв, безнадежност, разочараност – за денес да се откажеме од истиот тој идеал поради тоа што летаргичниот народ не сака да излезе на протест, затоа што не знае што е Илинден и забавата му е над сè останато?
Моралниот долг кон предците
Ако ништо друго, токму поради долгот кон предците ќе истраеме до крај и ќе се посветиме на градење на општество достојно на жртвата која тие ја дале, со систем кој ќе ја отстрани рамнодушноста и летаргичноста на обичниот Македонец.
Примерот на Делчев и Ченто
Ако Петко и Станко можат да ме разочараат со нивната рамнодушност, тогаш Делчев и Ченто не можат.
И да ги презирам првите, тогаш ќе го посветам и положам животот за жртвата на вторите да не биде залудна – дури и како инает на првите, а со надеж дека притоа ќе се создаде нов извор за мотивација на идните генерации.
Мисли на жртвата на тие пред нас и на жртвата која тие по нас недолжно ќе ја сносат поради нашата слабост.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери