Идеологија

„Го почитувам секое мислење“

Го почитувам секое мислење

Поради разните историски околности, Македонија е минимум неколку децении до половина век поназад од Западна Европа и САД. Тоа значи дека процесите кои се одвиваат таму, кај нас пристигнуваат со задоцнување (и не само кај нас, туку и во регионот).

На еден начин тоа е како да се игра видео игра со чит – имаш способност да ѕирнеш во иднината и да видиш како стојат работите, па однапред да се подготвиш и да знаеш како да маневрираш.

Сепак, нашето балканско его и сеир, како и нашата слаба политичка свест и кратковидност, нè тераат или да го игнорираме тоа што се случува таму во далечините, или да се ситиме на тоа што се случува без да извлечеме поука, или неразумно да прифаќаме сè што се случува таму на развиениот Запад – бидејќи, нели, тоа е „развиениот Запад“.

„Прогресивниот“ западен став

Па така, денес помеѓу политички активните Македонци често се сретнува проевропскиот, модерен став:

„Можеби не се согласуваме, но го почитувам секое мислење.“

Овој став беше особено популарен во западниот политички дискурс околу 2015–2016 година.

Кај неолибералните активисти тој служи како политичка алатка за промовирање на морално спорни идеи, додека кај останатите е самоубиствена форма на толеранција – пиштол насочен кон сопствената нога.

Последиците на западниот „толерантен“ модел

Што донесе овој „прогресивен“ став на Западот?

Донесе спуштање на гардот и отворање простор за ширење и нормализација на најразлични дегенеративни идеи без никакво оспорување – сето тоа во име на „високи демократски и европски вредности“.

Чекор по чекор, отстапка по отстапка – до денешното сатанистичко, геј, трансродово, себемразечко и расно мешано хорор-општество кое се нарекува „Западен свет“.

Македонија на патот на Западот

Со задоцнување, истиот „прогресивен“ став е веќе присутен и кај нас.

Мислиме дека сме напредни и просветлени ако го споделуваме, бидејќи е одлика на „развиениот западен човек“. Но не сме свесни дека токму рамнодушноста и кукавичлукот ќе доведат до истите општествени болести кои денес ги гледаме во Западот.

Цврсти ставови и духовен интегритет

Ако верувате во нешто – имајте цврсти ставови.

Ако не верувате во ништо што вреди да се брани, размислете каков човек сте, бидејќи вашиот противник со цврста агенда ќе биде немилосрден кон вас, без оглед на вашата рамнодушност.

Христијанскиот поглед на толеранцијата

Христијанското гледиште не е да се мрази грешникот, туку гревот.

Не повикувам на осакатување на секој кој политички не се согласува со нас, но не треба да се толерираат болести кои штетат на самите луѓе кои ги проповедаат и на целото општество.

Не е христијански, ниту благородно, ниту пак прогресивно – да се замижува пред она што јасно уништува човечки души и народни заедници.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *