Идеологија, Политика

Македонија и комунизмот денес

Македонија Комунизам денес

Сведоци сме на обид на една идеологија да го идеологизира македонизмот, а македонската нација да ја прилепи кон себе, со тоа обзнанувајќи дека без таа идеологија македонската нација не може и нема да постои. Се работи за комунистите, кои го користат фактот што КПМ беше главниот организатор на борбата која го оствари идеалот за македонска државност како нивно вродено право за век и векови да ги одредуваат минатото и иднината на Македонија.
Ова е поддржано и од духовните комунисти, кои не се поистоветуваат со таа идеологија, но потсвесно го прифаќаат и се раководат според нејзиниот светоглед, најчесто располагајќи со површни и догматски политички разбирања.

Опасноста од поистоветување на нацијата со идеологија

Доколку прифатиме дека македонизмот и постоењето на македонската нација се сврзани со комунизмот и неговите идеали, тогаш:

  • Се дава аргумент на тие кои тврдат дека македонската нација е вештачка творба, измислена во лабораториите на Коминтерната;
  • Легитимитетот на македонската нација се сврзува со успехот на комунизмот, кој во минатиот век се докажа дека е неуспешна идеја и недостижна утопија, а тоа би значело дека и македонската нација е осудена на пропаст со него;
  • Контрадикторно, столбот на македонската нација би била интернационалистичка идеологија која најпосле се стреми кон распуштање на нациите и бришење на сите идентитетски разлики;
  • Сите Македонци кои се спротивставуваат на таа штетна и деструктивна идеологија ќе бидат присилно или самоволно оттурнати од македонскиот национализам и нацијата, а преку тоа нацијата ќе остане без сите оние идеолошки правоверници со политички квалитет, задржувајќи ги само политички осакатените, просечните и рамнодушните.

Македонската нација како природна реалност

Токму комунистичката идеологија и нејзиниот светоглед спречуваат да се осознае ова: македонската нација не е идеолошка творба, туку природна, биолошка стварност; не нација на една класа, туку нација на еден народ од заедничко потекло, меѓусебно сврзан со крв, јазик, историја, култура и традиции.
Мојата верност пред сѐ е кон мојата нација и нејзините припадници, како што мојата верност кон моето семејство е пред верноста кон соседите.

Од тие причини, македонското прашање не може и не смее да се идеологизира.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *