Антика, Историја

Филип II Македонски

Филип II Македонски

Филип Втори Македонски бил крал на Македонија од 359 до 336 година п.н.е., и еден од најважните владетели во античката историја. Роден е околу 382 година п.н.е. како најмлад син на кралот Аминта III. Дел од своето детство го поминал како заложник во Теба, каде што се запознал со напредни грчки воени и политички системи, кои подоцна ќе му помогнат во неговото владеење. Почнал да владее со кралството како регент на неговиот малолетен внук Аминта IV, но за кратко време ја преземал власта во свои раце.

Реформи и зајакнување на Македонија

Кога станал крал, Македонија била слаба и загрозена од внатрешни и надворешни непријатели. Реформите на Филип биле клучни Македонија да се издигне како водечка сила на Балканскиот полуостров. Познат е по основањето на македонската фаланга која ќе стане симбол на војската на Кралството Македонија. Покрај тоа што ја реорганизирал армијата, вешто се користел со дипломатија и склапал политички бракови како средство за создавање сојузи и ширење на влијанието. Исто така ја зацврстил и македонската монета.

Воени успеси и политички влијанија

Уште веднаш почнал со воени успеси, поточно во 358 п.н.е. кога ги поразил локалните македонски племиња. За негов најголем успех се смета битката кај Херонеја каде ги поразил здружените сили на Теба и Атина. Тука ја основал и Коринтската лига која ја предводел тој и која планирај да ја искористи за планираниот поход кон Персија.

Убиството на Филип и наследувањето

За жал, ја доживеал судбината на многу Македонци и бил предаден од неговиот телохранител Павзаниј. Него го заменил неговиот син Александар Македонски, тој којшто успеал да го освои целиот познат свет.