Историја, Независна Македонија, Политика

Македонската армија во Авганистан

Македонската војска во Авганистан

По нападите врз САД на 11 септември 2001 година, меѓу другото започна и американската војна со Авганистан. Како начин да се обезбеди Авганистанската привремена власт поддржана од САД беа формирани Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ). Македонската војска покажа интерес за да биде дел од оваа воена сила уште од самите почетоци на нејзиното дејствување. Нашето учество започна во 2002 година со двајца штабни офицери кои беа активни на задачите во повеќе градови како што се Кабул, Мејмана и Мазари Шариф. По завршени неколку ротации од по два офицери во рамките на турскиот контингент, македонската мисија се прошири со 10 луѓе.

Контингенти и бројност

Во периодот од 2003/2004 година имаше три контингенти со јачина од пешадиското одделение, додека пак измеѓу 2005 и 2007 година таа бројка се зголеми на пет. Македонската војска имаше седумнаесет контингенти со јачина од една механизирана пешадиска чета во периодот од 2006 до декември 2014 година, ова се случи по потпишување на меморандумот за разбирање меѓу Министерството за одбрана на РМ и Обединетото Кралство. Понатака, со учество во операцијата ФЕНИКС се вклучуваат и специјални единици од армијата, како што се „ренџерите“ и „волците“. Овој контингент беше во состав на 86. пешадиска бригада на Националната гарда на Вермонт.

Медицински тимови и соработка

АРМ имаше и медицински тимови во состав на ИСАФ. Така, во различни периоди во грчката, чешката, а подоцна и норвешката болница беа распоредени медицински тимови кои делуваа во состав на Здружениот медицински тим од регионот (Албанија, Хрватска, Македонија).

Учество до крајот на мисијата

Македонија беше дел од ИСАФ сè до нејзиниот крај во 2014 година. Покрај гореспоменатите тимови, штабски старешини имаше до 2014 година. Во овој период мисијата беше да се направи постепена транзиција на одговорноста за безбедност на самите авганистански сили. Македонија даде квалитени војници и голем придонес во оваа мисија. Пропорционално по бројот на жители, таа беше четврта држава во рамките на Меѓународните сили за безбедносна помош.

За квалитетот на македонските војници сведочат и бројни изјави и сведоштва на американските и авганистански војници кои соработувале со нив. Ова говори за пожртвуваноста на Армијата и на нејзината посветеност на секоја мисија, без разлика за кого се работи.