Патриотски приказни
Александар е Албанец?!
Иако можеби звучи лудо на прв поглед, навистина и денес постојат Албанци кои пробуваат да го присвојат ликот и делото на Александар III Македонски кон нивната историја и историско наследство. Главниот аргумент е дека Александар имал илирско потекло и дека Албанците, кои се сметаат себе за директни потомци на Илирите, имаат право да го слават ликот на најголемиот освојувач на античката доба.
Видови извори
Публицистот Нијази Мухамеди во неговата книга „Албанска Македонија“ беше само еден од многуте кои го нарекоа Александар Македонски Албанец. Таа книга која требаше да биде директен одговор на Македонската Енциклопедија на МАНУ е полна и со други небулози. Тука се тврди и дека Албанци биле Матеја Матевски, Тодор Скаловски и Јован Бигорски. Ова само зборува за сериозноста на тврдењата кои немаат допирна точка со реалноста.
Заклучоци и контексти за тоа дали тој е Албанец
Аргументи се користат и од други албански историчари и ултранационалисти за да се покаже измислен албански карактер на Александар Велики. Не само што илирското наследство нема никава врска со денешните Албанци, туку и сосема е нелогично да се претставуваат такви тврдења во јавноста кога Александар имал многу поголеми влијаниа, нормално од македонската, па од хеленската култура. Илирското потекло на некој негов подалечен предок не одиграло никаква важна улога во животот на Александар.
Маици
Дуксери