Патриотски приказни
Идеологијата е важна
Некои се разочаруваат од споделувањето на содржина за политички теми надвор од Македонија. Веќе било говорено дека тоа што се случува надвор е важно и за нас, но таквата содржина има и конкретна цел.
Значењето на споделувањето меѓународни политички информации
Можеме да чуеме македонски патриоти кои велат: „мојата идеологија е Македонија“. Тоа можеби звучи епски, но во пракса означува дека нема идеологија, затоа што Македонија не е политички систем, економска политика, филозофија или светоглед. Кога нема цврсти и опширно разработени идеи, штетни идеолошки влијанија се провлекуваат преку незнаење за појави кои можеби погрешно ги толкуваме, а кои веќе се манифестирале или се манифестираат во други земји – односно има докази за последиците од нив, но ние не се интересираме поради тоа што не се директно поврзани со Македонија, или информациите за нив ги добиваме преку идеолошки центри кои ги немаат македонските интереси на прво место.
Стварноста е дека нема потреба од измислување на топла вода. Доволно политичка теорија била развиена низ континентот, но ние одбиваме да се послужиме со тоа стекнато знаење и се држиме до нашиот затворен мал идеен простор каде што доминантна струја е југокомунизмот – кој пак е тежок товар за македонскиот национален дух.
Како надворешните идеи ја зајакнуваат македонската национална идеологија
За надминување на таквата состојба неопходно е да се дојде во допир со надворешниот свет: се споделуваат информации за случувањата низ нашиот континент за да се дојде во контакт со тамошните политички процеси, вклучително и со тамошните националистички движења и понапредните идеолошки традиции зад нив со кои ние во Македонија не сме запознати, а кои можат да го засилат нашиот националистички дух во полза на домашни, македонски интереси.
Зошто левичарите низ целиот свет и кај нас коментираат на интернационални теми? Бидејќи сакаат својата публика да ја вовлечат во нивниот идеолошки свет каде што доминираат нивните вредности, а притоа не се воздржуваат од користење на материјал составен надвор од нивната држава. За разлика од нив, интересот на националистот е природно насочен кон домашните работи, но би било кратковидно да се лишува од користење на сродни идеи засновани на споделени принципи, веќе развиени од други народи со побогато политичко минато.
Кога се споделува за последиците од масовната имиграција, тоа не се прави од чисто новинарски карактер, туку служи за укажување на некаква вистина. Истото е кога се говори за различностите помеѓу народите, или општо за политичките процеси во други земји. Сите овие нешта се отскочна даска кон идеолошкото поле на национални идеи. Од таму треба да се влечат поуки, бидејќи има и нешта кои се случуваат кај нас кои не можеме трезвено да ги оцениме поради нивната блискост, па при набљудување на слични процеси во други земји од една подалечна перспектива можеме да добиеме поцелосна слика. Со тоа се проширува изворот на информации и идеи и се гради светоглед со употреба на поквалитетен материјал кој можеби го нема кај нас, а сепак е достапен на пазарот на идеи: тоа е како да градиме куќа само со еден материјал – дрво, но да погледнеме кај комшијата и да видиме дека може – и подобро е – да се користи камен.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери