Политика

Дали капитализмот е сојузник или закана за национализмот?

капитализам и национализам

Секој националист знае дека комунизмот, со неговиот наивен утопизам и интернационализам и паролите за класна борба и крвопролевање во рамките на една нација, е штетна идеологија.

Штом комунизмот е лошиот, тогаш неговиот денешен главен противник – капитализмот – би требало да е добриот, бидејќи просечниот човек размислува во црно-бел систем: или е лошо, или е добро – трето нема! И така, по инерција многу десничари, патриоти и националисти велат дека се капиталисти, бидејќи сигурно не се комунисти.

Лажната дихотомија: комунизам наспроти капитализам

Капитализмот несомнено има доблести и предности кои беа особено демонстрирани во минатиот век, кога овој систем се најде во двобој со комунизмот. Дали тоа значи дека е совршен систем? Не. Бидејќи тука нема простор за детална обработка и бидејќи други подобро би се справиле со чисто економска анализа, ќе се обрнеме на политичките прашања.

Интернационализмот како заедничка слабост

Нешто што многу националисти не го разбираат е дека како комунизмот, така и капитализмот е интернационалистички – комунизмот не распознава помеѓу Норвежанец, Турчин и Сомалиец зашто во сите нив гледа угнетен работник, а со капитализмот е исто, само што тој во нив гледа работна сила и потрошувачи; како што комунизмот со својата класна борба е непријател на националното единство, така капитализмот со својата безмилосна конкуренција е непријател на националната солидарност – а национализам без национално единство и солидарност не бидува.

Големите капиталистички корпорации не водат никаква грижа за благосостојбата на своите сонародници – тие во прва прилика би ги замениле со поевтина работна сила од туѓина. Економскиот развој на една држава не значи ништо доколку негова нуспојава е биолошката замена на домашното население – нешто што се случува низ Европа и нешто за кое што можеби се најодговорни токму капиталистичките интересни лоби групи.

Индивидуалистички светоглед кој е подготвен да ги занемари сите морални вредности и одобрува секакви трикови во името на безобзирно лично богатење не може да е својствен на еден националист, кој размислува колективно, за целата нација.

Не сите особености на капитализмот, но неограничениот капитализам е подеднакво зло колку и комунизмот.

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD