Патриотски приказни
Нејасните правила и македонската политичка загуба
Една од причините поради која Македонците ја губат политичката борба за сопствените права и сопствената позиција во Македонија е поради тоа што не се јасно одредени правилата на играта.
Во оваа држава сите етнички заедници имаат свои етнички партии – во Собранието има 5 албански партии, во него барем по еден претставник од етничка партија имаат Турците, Ромите и Србите, а постојат и партии на Власите и Бошњаците. Овие партии не се интересираат за ништо друго во државата и секојдневниот живот, освен за положбата на својата етничка заедница.
Етнички партии и селективни правила
Рамковниот договор одреди во администрацијата и органите на редот да се применува „позитивна дискриминација“ за постигнување на процентуална застапеност на заедниците еднаква на таа од демографската слика во државата – според пописот од 2001 тоа би било задолжително 25% Албанци во сите институции, а според тој од 2021 24%. А сепак, во главниот град во објектите на јавните институции можете да најдете скоро исклучително Албанци зад шалтерите и во канцелариите, во владата од 15 министри Албанци се 7 (46%), од 4 вице-премиери Албанци се 2 (50%), а Бадентеровиот принцип важи само кога Албанците не се согласуваат со нешто.
Граѓански принцип само за Македонците
Од друга страна, процентуалната застапеност во институциите важи само за малцинствата, па дури и во универзитетите има малцински квоти, но никогаш не важи за Македонците, а моментално нема ниту една македонска политичка партија во Собранието, ниту пак некоја влијателна македонска партија надвор од него, а ниту имаме свој министер. Кога се работи за сите останати се следи ЕТНИЧКИОТ принцип, но кога се работи за нас Македонците секогаш се вбројуваме под категорија ГРАЃАНИ. Сите „македонски“ партии се граѓански партии и се за сите, а ниту една не ги брани исклучително македонските национални интереси, како што тоа го прават сите други партии во државата. Токму поради тоа сите останати бараат и добиваат дури и повеќе од уставно утврденото, а само Македонците се оставени без претставници и поборници.
Правилата на играта мора да бидат јасни. Или сите ќе се залагаат за граѓански принцип и укинување на квоти и етнички партии, или сите – СИТЕ, вклучително и Македонците – ќе го следат етничкиот принцип.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери