Патриотски приказни
Атентатот врз Жика Лазиќ – Белград 1928
На 13 јули 1928 година, ВМРО извршило атентат врз озлогласениот заменик-министер за внатрешни работи на кралството СХС, Жика Лазиќ – одговорен за асимилаторската политика во Вардарска Македонија, во неговиот кабинет во Белград. Лазиќ преживеал покрај тоа што бил застрелан во главата.
Атентатот бил извршен од Иван Момчилов, родум од Штип. Тој до 1923 год. живеел во Бугарија, но емигрирал во кралството СХС по Деветојунскиот преврат во кој била срушена владата на Александар Стамболиски (кој бил убиен од група на ВМРО). Поради симпатиите кон БЗНС (Бугарски земјоделски народен сојуз) на Стамболиски, Момчилов воспоставил блиски односи со српската власт. Од српските структури му била наложена задача да изврши атентат врз водачот на ВМРО, Иван Михајлов – ветената награда била 250.000 динари. Тој бил испратен за Бугарија во почетокот на 1928 год., но таму воспоставил контакт со ВМРО и го информирал Михајлов за задачата која му била наложена од Белград. Било договорено да се исценира лажен атентат врз Михајлов, за Момчилов безбедно да се врати во Србија и таму да изврши атентат врз Жика Лазиќ.
Планот на Белград и пресвртот
На 25 април 1928 год. атентатот бил исцениран во Софија, во кој наводно бил убиен Михајлов, а ранет скопскиот војвода Величко Велјанов. На 28 април Момчилов се вратил во СХС, каде што властите во наредниот период чекале дефинитивна потврда за смртта на Михајлов. ВМРО ја раширила лажната вест меѓу дипломатските претставништа во Софија, од каде што пристигнала информација во Белград дека Михајлов бил убиен.
На 13 јули Момчилов е поканет во кабинетот на Лазиќ во Белград, за да му биде врачена наградата. За време на приемот Момчилов извадил револвер и го застрелал Лазиќ четири пати, во главата и телото. Верувајќи дека успешно ја извршил задачата Момчилов се самоубил. За жал, покрај тешките рани Лазиќ го преживеал атентатот и се опоравил, но пораката била пратена: никој не е сигурен од долгата рака на ВМРО, без разлика каде се наоѓа.
Вечна му слава на херојот Иван Момчилов и почит за неговата самопожртвуваност во името на Македонија и македонскиот народ!
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери