Патриотски приказни
Средба во Галички ан, 8 април 1941
Ден по германската инвазија на Југославија дошол крајот на српската власт во Скопје: на 7 април 1941 год. германската 9-та оклопна дивизија го зазела градот кој веќе бил напуштен од југословенската армија. Слична била состојбата и во другите градови, каде што српскиот окупатор се повлекувал под налетот на германските единици. Завладеала еуфорична атмосфера кај македонскиот народ, кој ја препознал историската шанса за стекнување слобода.
Собирот во „Галички ан“ и идејата за слободна Македонија
Во такви услови, на 8 април во 9 часот навечер во „Галички ан“ во Скопје, спроти црквата „Св. Димитрија“, се оддржала средба на македонски родољуби на која присуствувале десетина дејци на ВМРО, тројца членови на КПЈ, а биле поканети и претставници на германските сили кои биле оценети како ослободители. Најавторитетна личност на средбата, а воедно и нејзин организатор, бил скопјанецот Спиро Китанчев, деец на ВМРО.
Цел на средбата било да се одреди како да се искористат новите политички околности за да се издејствува слобода за Македонија. Средбата била отворена со едночасовен говор од Китанчев, во кој истакнал дека треба да се создаде комитет кој би ја прогласил Македонија за слободна и независна под протекторат на Германија. Се појавиле различни ставови за целта на дејствувањето на еден таков комитет, бидејќи некои од дејците се изјасниле за присоединување со Бугарија. Средбата завршила без да се постигне договор во таа насока, а бил составен повик до скопските граѓани да пружат отпор на српската администрација, чија структура сѐ уште била задржана.
Собирот во „Галички ан“ и идејата за слободна Македонија
Во наредните денови бугарскиот премиер Богдан Филов имал разговори со разни дејци во однос на судбината на Македонија, во полза на нејзино присоединување кон Бугарија. Во агитацијата во таа насока голема улога имале дејците на ВМРО Васил Хаџи-Кимов (од Ново Село) и Стефан Стефанов (од Кратово), кои пристигнале од Софија во Скопје на 9 април и ги убедиле останатите дејци дека независна Македонија не е неопходна во тоа време, туку дека треба да се спроведе акција за присоединување со Бугарија. За таа цел на 13 април бил формиран Бугарскиот акционен комитет, кој го подготвил поголемиот дел од Вар. Македонија за анексија од Бугарија.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери