Патриотски приказни
Мартовски пуч 1941
Кралството Југославија отсекогаш било внатрешно нестабилно поради големите народни и верски различности, со присуство на разни идеологии – национални и наднационални, како и револуционерни организации. Во 1930-тите, Југославија на надворешен план станувала сѐ поизолирана како резултат на зголеменото влијание на силите на Оската – Германија и Италија: по припојувањето на Австрија во 1938 год. Германија и Југославија делеле заедничка граница; во 1939 год. Италија ја окупирала Албанија; Унгарија и Романија се приклучиле на Оската во 1940, а Бугарија во 1941 година. Југославија од 1935 год. имала развиена економска соработка со Германија, која како индустриски џин била главен трговски партнер на балканските земји.
Договорот Цветковиќ-Мачек и притисокот од силите на Оската
Во 1939 год., во обид за стабилизирање на внатрешната состојба бил постигнат договорот Цветковиќ-Мачек со кој се формирала бановина Хрватска – еден вид на автономна хрватска држава во рамки на Југославија, но хрватската желба за независност не била загубена. Соочена со внатрешни проблеми и надворешен притисок, на 25 март 1941 год. Југославија потпишала пакт со Германија со следните одредби:
- Оската ќе го почитува територијалниот интегритет на Југославија;
- Оската нема да бара воена помош од Југославија;
- Оската нема да ја користи територијата на Југославија за превоз на војска или воена опрема.
Од сите земји потписнички на пактови со Оската, Југославија ги добила најдобрите услови – практично немала никакви обврски, освен да не делува воено против Оската.
Пучот на 27 март: Британските прсти во југословенската судбина
Веќе следниот ден започнале протести во Белград, со паролите „подобро гроб, отколку роб“, „боље рат, него пакт“. На 27 март бил извршен државен удар од страна на војската – принцот Павле бил отстранет од власт, 17 годишниот Петар бил прогласен за крал, а новата влада одбила да го ратификува пактот. Истиот ден Хитлер ја издал Директивата 25 за инвазија на Југославија.
Денес е неоспорен историски факт дека пучот бил организиран од британските служби, а факт е и дека пучистите не делувале во интерес на кралството, туку во интерес на непријателите на Оската и се директно одговорни за војната која однела над милион животи и за падот на кралството, кој пак довел до формирање на македонска држава.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери