Патриотски приказни
Масакр во Горно Неволјани
На 28 септември 1905 г., грчки андарти нападнале македонска свадба во леринското село Горно Неволјани, вршејќи масакр врз беспомошните свадбари во кој биле убиени 11 души.
Револуционерниот дух на едно македонско село
Горно Неволјани било старо македонско село, прв пат спомнато во грамота во 1355 г. На почетокот на Илинденското востание во четите на ВМРО се пријавиле 92 селани од Горно Неволјани, од кои биле примени само 52, поради недостаток на оружје – ова говори дека селото било активно вклучено во револуционерната борба. Во 1905 г. селото било поделено на егзархисти и мнозинство патријаршисти.
Ноќта на 28 септември 1905 г. се случувала свадбата на младоженецот Ѓорѓи Јанев. Без некаков посебен повод, околу 10 часот навечер грчка банда, помогната од локални Турци и наводно од војници од османлискиот гарнизон од Лерин, ја опколиле куќата на Ѓорѓи и отвориле оган, пукајќи кон прозорците. Васил Типулов, единствениот од свадбарите кој имал револвер, фатил позиција кај еден од прозорците и го возвраќал оганот додека не ги потрошил сите патрони, паѓајќи ранет крај прозорецот.Андартите, стравувајќи од понатамошен отпор, не се осмелиле да влезат во куќата и ја потпалиле однадвор. Свадбарите морале да побегнат надвор за да не изгорат живи – излегувајќи од вратите и прозорците тие биле пречекувани од безмилосни истрели: некои од жртвите изгореле, некои биле убиени пред вратите, а други во дворот.
Жртвите на теророт и молкот на конзулите (Се вметнува по 5-от пасус
Загинале браќата Лазо, Наум и Ѓорѓи Јаневи, Коце Трпин, Наум Тасев Наумчев, Коце Славев, Ване Тилев и син му Ставре, Васил Типулов, Дељо Тилев и неговата 18 годишна ќерка.
Уште истата вечер бил информиран бугарскиот конзулат во Битола, а од таму биле информирани и повикани странските конзули, кои заедно со италијанска жандармерија пристигнале во селото да извршат увид. Истрагата, како и вообичаено во тој период, не вродила со плод и настанот (ниту прв ниту последен таков) бргу бил заборавен од конзулите.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери