Идеологија

Дали разликите навистина нè прават посилни?

Македонски национализам

“РАЗЛИКИТЕ НЀ ПРАВАТ ПОСИЛНИ”

Пропагандата на „мултикултурализмот“

Оваа изрека, вкоренета во македонското ткиво како резултат на децениска пропаганда, се чини дека претставува еден од најважните елементи на политичкото верују на Македонецот. Секако, не би било фер за таквата наивност да се обвини само Македонецот, со оглед на тоа што денес тој поглед е општоприфатен низ целиот Западен свет. Наместо длабоки филозофирања, во овој текст ќе биде приложен личен пример за различностите кај овој профил.

Основата на овој профил е македонскиот национализам, а некој кој прв пат го отвора профилот може да претпостави дека општо се работи за македонски патриотизам. Важни се и другите компоненти кои се пропагираат на овој профил, но основата која се очекува безрезервно да биде прифатена од сите е таа. Со тек на времето овој профил порасна на неколку илјади следачи – тешко е да се најдат двајца со сосема идентични идеи, а не па 3-4000, но веќе беше кажано која е основата која треба да биде прифатена.

Помеѓу тие следачи кои биле привлечени од патриотскиот карактер на профилов се најдоа Македонци со различни убедувања. Со некои од нив имав долги дискусии за повеќе теми. Покрај сите недоразбирања, основата стоеше: пред сѐ сме Македонци. Сепак, основата стоеше – сѐ додека престана да стои… Порано или покасно, различностите го разнишаа единството засновано на македонството.

Кога идеологијата ќе го победи националното

Пријателот-комунист се претвори во непријател, бидејќи неговата интернационалност е пред македонските национални интереси. Пријателот-капиталист стана непријател, бидејќи за него капиталот е безусловно пред македонското општествено добро. Пријателот-муслиман се претвори во непријател, бидејќи неговата верност кон браќата по вера е поголема од таа кон македонските браќа по крв. Пријателот-полуевреин се претвори во непријател, бидејќи како и секој полумакедонец тој има подвоена (а не целосна) верност кон македонските национални интереси. Различностите ја срушија македонската основа.

Единство наспроти раздор: Што е поефикасно?

Како и помагаат овие идеолошки, верски и крвни различности на македонската кауза? Како може спротивностите да се подобри од единството? Што е поефикасно: група во која секој член влече на својата страна, или група во која членовите маршираат во иста насока?

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD