Патриотски приказни
ВМРО како сојузник, а не потчинет на Бугарија
Во својата книга „Македонија – Швајцарија на Балканот“, водачот на ВМРО Ванчо Михајлов коментира за односот помеѓу организацијата и бугарската влада:
Поглед на Алфред Рапапорт за автономијата
„Од својот самостоен статус движењето никогаш не се откажа. Во одбрана на својата самостојност тоа повеќепати влегува во судир со бугарски партии и бугарски влади. И во врска со тоа можат да се презентираат сведоштва на компетентни лица од странство. Алфред Рапапорт, којшто ја познава одлично ситуацијата во Македонија, каде што бил австриски делегат во врска со спроведувањето на Мирцштегските реформи, вели: „Никогаш Македонската организација не се откажала од својата целосна независност во однос на софиската влада. Се разбира, во текот на трите војни таа се грижеше за воената дисциплина, но таа тоа го правеше како сојузник, а не како потчинета. Во време на мир таа независност беше уште поочигледна, и ќе мора да се напише комплетната нова историја на Бугарија за да се одбележат сите етапи од развојот на бугарско-македонските односи. И покрај сосем природното чувство на национална солидарност, никогаш тие односи не биле доволно блиски, какви што отсекогаш биле односите помеѓу белградската и атинската влада и нивните национални пропаганди коишто дејствуваа во Македонија во последните години на турското ропство”.
Сојузници во војна, независни во мир
Во логичка врска со неговата независност се наоѓа и беспартијноста на македонското движење. Во поробена Македонија на Македонците не им беше дозволено да имаат свои партии. Таму можеше да биде од корист само тактизирањето со една или со друга партија на поробувачот. Меѓу македонската емиграција во Бугарија не беа создавани македонски политички партии. Некои македонски емигранти членуваа во разни бугарски партии, но секогаш тие ги ставаа интересите на ослободителната борба над партиските интереси. Во таа смисла беспартијноста на движењето претставуваше своевидна догма. Само малкумина емигранти-комунисти настојуваа да внесат партиска идеологија во македонските организации. Сите други беа свесни дека движењето има своја содржајна и традиционална идеологија, којашто бараше, пред се, обединување околу ослободителната идеја.“
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери