Патриотски приказни
Операциите „МХ“ и „МХ-1“: Како беше ослободено Калето
По заземањето на Тетовското кале од страна на албанските терористи на 14 март 2001 година, македонскиот воен и државен врв започнале подготовка за елиминирање на терористичките групи со воени средства. Здружените сили на македонската војска и полиција биле повеќе од подготвени да се справат со состојбата, меѓутоа политичкиот врв делувал збунето и неодлучно, под постојан притисок на странските претставници. Сепак, во периодот помеѓу 25-30 март 2001 година биле извршени операции во Тетовско и СЦГ.
Операција „МХ“: Пробивање на терористичките гнезда
„МХ“: Во просторот околу Тетово биле присутни околу 150-200 вооружени терористи. Операцијата започнала на 25 март во 7 часот наутро со артилериска подготовка. Планот бил да се направи обиколување на терористичките групи северно и западно од Тетово за да се спречи повлекување кон Косово, а потоа да се исчисти просторот. Веднаш по почетокот на офанзивата терористите започнале панично повлекување кон север. Отпор бил даден кај Гајре и Шипковица, но тамошните терористи биле разбиени. Најжестокиот отпор бил кај Калето, меѓутоа тоа било опколено и ноќта на 25/26 март било освоено од страна на „Волците“. Операцијата по само еден ден веќе се покажала како успешна. Биле блокирани селата каде што се засолниле дел од терористите помеѓу цивилите и требало да се започне со нивно чистење, меѓутоа на 27 март операцијата била отповикана поради можноста од цивилни жртви.
Операција „МХ-1“: Чистење на Скопска Црна Гора
„МХ-1“: Оваа операција имала за цел чистење и обезбедување на просторот на Скопска Црна Гора, со што би се воспоставила целосна контрола на просторот до границата со Косово. Операцијата започнала на 29 март во 8 часот со офанзива од повеќе правци. Македонските сили без скоро никаков отпор ги извршиле своите задачи и го обезбедиле просторот. Терористичките групи се повлекле кон Косово, а тие што не успеале во тоа биле разбиени. Скопска Црна Гора била под контрола на македонските сили. Останува дилема како терористите дознале за операцијата пред нејзиниот почеток и навремено се повлекле.
Воен триумф во сенка на политичките одлуки
За само 5 дена состојбата била под контрола. Доколку државниот врв имал волја во наредните денови конфликтот можел да заврши со целосна воена победа, но тоа не се случило.
Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD
Маици
Дуксери