Историја, Меѓувоен период, Прва светска војна

10 инспиративни цитати од Борис Дрангов

Борис Дрангов

Полковникот Борис Дрангов бил автор на повеќе трудови со воена тематика во кои изобилува патриотскиот дух. Следните цитати од Дрангов некому можат да му звучат како празна демагогија, но треба да се има на ум дека Дрангов во своите трудови главно им се обраќал на војници кои служеле на бојните полиња. Ним им биле потребни токму такви зборови за да се справат со тежината на секојдневниот војнички живот. На крајот, самиот Дрангов ја приложил најголемата жртва пред олтарот на слободата. И нашите денешни војници и родољуби нека извлечат поука од зборовите на полковникот.

За храброста, срцето и војничката чест

  1. „Не победува оружјето и раката што го држи, туку срцето, кое тупа во јуначките гради.“
  2. „Победува само оној, кој не се плаши да загине: да свикнеш на мислата да умреш со чест е основа за големи подвизи. Без таа решителност и најблескавите способности на разумот се бесполезни. Да умреш добро е првото и најполезно од човечките искуства.“
  3. „Да чувствуваш страв не е срамно, зашто е природно: срамно е да не го надминеш. Страшливец е тој што покажува страв: јунак е, тој што го совладува!“
  4. „Самопожртвуваност секогаш и за се! Ништо за себеси, се во име на долгот. Личното јас е најомразено. Јас е ништожно; ние – семоќно.“
  5. „Отстрани ја од себе желбата да живееш. Животот не се мери по должина, туку по содржина. Добар е не самиот живот, туку чесниот живот.“
  6. „Не се плаши од грешките. Кој се плаши, никогаш нема да научи. Нема полоша грешка од нерешителноста. Напред дрско и упорно и секогаш ќе го добиеш своето!“
  7. „Помни дека си крвава жртва за доброто на родината. Помни и раководи се од таа основа: одречи се од себеси. Помни и учи ја таа доблест: самопожртвуваност!“
  8. „Сам умри, а другарите спаси ги. Врви напред, дури и да паднат тие пред тебе. Не се плаши од смртта, колку и да е тешко: ќе победиш. Целта ја достигнува само оној, кој се решил дека е подобро да умре, отколку да не ја достигне.“
  9. „Среќата е наклонета кон смелите: не чекај погоден момент, туку создади го! Претпочитај да бидеш осуден за излишна смелост, отколку за излишна претпазливост.“
  10. „Во право се силните. Живеат достојните. Владеат победниците.“

Текстот е напишан од страна на WarWaveMKD